Стратешко планирање - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Стратешко планирање PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike

Стратешко планирањеСтратешкото планирање е основно во процесот на одлучување за тоа каде организацијата сака да се најде себе си во иднина и како ќе стаса таму. Затоа стратешкото планирање започнува со прашањето зошто. Стратешкото планирање е сериозна анализа на надворешните фактори кои влијаат на успехот и неуспехот на организацијата и нејзините активности и има за цел разрешување на проблемите на организацијата и јакнење на внатрешните тимови. Тоа придонесува во развојот на капацитетот на организацијата и во ефикасноста во постигање на поставените цели и задачи. Стратешкото планирање овозможува преживување на организацијата во услови на отежнато финансиско работење.

Стратешкиот план никогаш не смее да биде статичен и фиксен, туку треба да претставува процес кој е континуиран и максимално флексибилен.

Содржина

  • Вовед во планирањето и стратешкото планирање, клучни концепти во стратешкото планирање
  • Разбирање на организацијата, Интегриран организациски модел (ИОМ), организациски анализи и методи;
  • Институционален развој и организациски промени, ИР/ОЈ концепти и рамки;
  • Визија/Мисија на организацијата;
  • Анализа на опкружувањето: Институционална поставеност на организацијата, Институциограм, скенирање на околината;
  • Организациско јакнење;
  • Организациска структура и организација што учи;
  • SWOT анализа;
  • Стратешка ориентација - СОР матрица;
  • Стратешки цели, формулација на стратегии, содржина и формат на стратешки план;
  • Стратешки планови и финансиско планирање;
  • Стратешки планови и оперативно планирање/годишни планови;
  • Стратешки планови и набљудување и оценување.
 
Се наоѓаш тука  : Fillimi Për punën tonë Konsultime dhe trajnime Kalendari