Обуки и консултации на МЦМС - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Обуки и консултации на МЦМС PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike

Уредник: Гонце Јаковлеска
Дата: 2007 година
ISBN: 978-99890-102-51-60
PDF:
obuki-i-kosultacii-na-mcms-2007.pdf

Обуки и консултации на МЦМССо оваа брошура ви ги презентираме аргументите зошто да го изберете МЦМС за партнер во вашиот професионален развој и градењето на капацитетите на вашата организација. Овде сакаме да ве запознаеме со нашата програма за обука и консултации развивана низ 13 годишното искуство во соработка со истакнати меѓународни консултантски компании.

Повеќе од 4.600 учесници на нашите обуки и нивните организации веќе ги чувствуваат придобивките од подобрените раководни вештини, дизјанираните системи и процедури, развиените практики за набљудување, подобреното проектно и стратешко планирање, стекнатите фацилитаторски, презентациски и други вештини.

Ние ви нудиме од 24 целосно развиени програми за обука. Покрај тоа нашиот тим од стручни и искусни консултанти е подготвен да подготви и спроведе програми специфично дизајнирани за вашите потреби.

Целта на програмите за обука на МЦМС е да ги развива вештините и компетентностите на сите оние кои сметаат дека и после комплетирањето на формалното образование треба и понатаму да се едуцираат и да на напредуваат во кариерата учејќи според најдобрите меѓународно признаени методологии и од најуспешните локални практики.

Нашите обуки покрај тоа што се дизајнирани да ги развиваат индивидуалните вештини на учесниците, ефективно се аплицираат и на организациско ниво овозможувајќи организациски развој и промени.

 

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Fillimi Për punën tonë Hulumtime dhe publikime Materiale resurse