Pasqyrë e dispozitave tatimore për organizatat qytetare - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Pasqyrë e dispozitave tatimore për organizatat qytetare PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike

Автор: Александар Бужаровски
Дата: 2007 година
ISBN: 978-9989-102-50-9
PDF:
pregled-na-danocni-zakoni-za-gragjanskite-organizacii-2007.pdf

Преглед на даночните одредби за граѓанските организации Публикацијата „Преглед на даночните одредби за граѓанските организации со коментари” претставува краток преглед на најважните членови, одредби од даночните закони во Р. Македонија коишто директно или индиректно ги засегаат граѓанските организации во земјата. Истовремено, со цел да се обезбеди поголемо разбирање за даночните обврски и можности за граѓанските организации, обезбеден е краток коментар за влијанието на даночните одредби во соодветните закони врз работата на граѓанските организации.

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) како издавач на публикацијата, изработена во рамките на програмата на Граѓанската платформа на Македонија (ГПМ), се обидува да постигне две цели. Прво, да ги запознае граѓанските организации во земјата со постоечките одредби, како и новите измени и дополнувања во даночните закони кои влијаат на работата на граѓанските организации и со тоа да обезбеди поголемо разбирање за даночните обврски, како и за даночните можности во работењето на граѓанските организации. Второ, преку обезбедување коментар во однос на релевантните даночни прописи за граѓанските организации, МЦМС го потпомогнува процесот на лобирање за донесување соодветни даночни решенија, кои ќе придонесат за обезбедување финансиска одржливост на граѓанските организации.

Се надеваме дека оваа публикација ќе им овозможи дополнителна поддршка на граѓанските организации соодветно да ги исполнуваат обврските кон државата, но истовремено да ги зајакнат напорите за лобирање пред домашните институции за донесување соодветни законски одредби во однос на даночната регулатива. Би сакал да им се заблагодарам на членките на ГПМ, кои активно учествуваа во обезбедувањето препораки и насоки за содржината на публикацијата.

 

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Fillimi Për punën tonë Hulumtime dhe publikime Lista e hulumtimeve dhe publikimeve