Доверба во луѓето, институциите и граѓанското општество 2016 - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Доверба во луѓето, институциите и граѓанското општество 2016 PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike

Автор: Моника Божиновска, Сара Мустафа
Датум: август, 2016
ISBN: 978-608-4848-51-6
PDF: doverba-vo-lugjeto-instituciite-i-gragjanskoto-opshtestvo-2016-godina.pdf

doverba go luge institucii 2016Во овој извештај се анализирани наодите од анкетата „Довербата во луѓето, институциите и во граѓанското општество - 2016“, која беше спроведена по седми пат на национален репрезентативен примерок на граѓаните на Република Македонија.Општата доверба во луѓето се уште е мнозинска со незначителни промени споредено со минатите години. Сепак, големо мнозинство на граѓани сметаат дека треба да се биде многу внимателен со други луѓе.

Најголема доверба од страна на граѓаните уживаат приватниот и финансискиот сектор, потоа граѓанскиот сектор и јавниот сектор (државата), а најмала политичките партии и медиумите. Сепак, наодите укажуваат дека генерално мнозинството граѓани немаат голема доверба во ниту еден од истражуваните институции.

Довербата на граѓаните во државните институции нема позначајни разлики. Помалку од половина граѓани имаат доверба во државните институции. Од испитаните институции само во Армијата и Полицијата имаат доверба од мнозинството граѓани. Споредбено со останатите години, оваа година индексот на доверба во државниот сектор е најниско.

Значајно намалување на довербата во меѓународната заедница. Особено е намалена довербата во НАТО, во кој само половина граѓани имаат доверба. И покрај ова намалување, меѓународната заедница останува да има повисок степен на доверба споредбено со политичките партии и медиумите.

Мнозинска доверба имаат единствено црквите и верските заедници. По нив следат здруженијата и фондациите, и неформалните групи граѓани. Најниска доверба граѓаните имаат во синдикатите.

Довербата кон сите чинители, кои се дел од граѓанскиот сектор е во опаѓање, со исклучок на црквите и верските заедници, кои пак бележат незначително зголемување на довербата.

Најголема доверба граѓаните имаат во граѓанските организации кои работат на прашања од животна средина, социјална грижа и хуманитарни акции, додека помала доверба имаат организациите кои работат на меѓуетнички односи и организациите кои работат на развој на граѓанско општество.

Мнозинството граѓаните немаат доверба во заложбите зад кои стојат граѓанските организации. Речиси половина граѓани сметаат дека зад работата на граѓанските организации стојат лични интереси или пак интереси на странски држави и нивни фондации. Половина граѓани пак сметаат дека граѓанските организации не работат транспарентно, а значаен број сметаат дека постои поврзаност во работата помеѓу партиите и граѓанските организации.

 
Се наоѓаш тука  : Fillimi Për punën tonë Hulumtime dhe publikime Lista e hulumtimeve dhe publikimeve