Довербата во луѓето и институциите во Република Македонија 2015 - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Довербата во луѓето и институциите во Република Македонија 2015 PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike

Автор: Даниела Стојанова
Датум: август, 2015
ISBN: 978-608-4681-36-6
PDF: doverba-vo-lugeto-i-instituciite-2015-godina.pdf

doverba luge institucii 2015Во овој извештај се анализирани наодите од анкетата „Довербата во институциите и во граѓанското општество во Република Македонија“, кои се однесуваат на довербата во луѓето и институциите, а која беше спроведена по шести пат на национален репрезентативен примерок со граѓаните на Република Македонија.

Целта на истражувањето е да се испита довербата на граѓаните во институциите и во граѓанското општество. Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) оваа година го подготви извештајот како дел од Цивика мобилитас, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ). МЦМС му ја довери анкетата на јавното мислење на М-Проспект, чија одговорност беше и нејзината методолошката исправност. Врз основа на акетата е подготвен овој извештај. 

Граѓаните имаат мнозинска општа доверба (52,8 %), која е проследена со мал пад во споредба со претходните резултати од 2013. Вообичаено, довербата е поголема кон поблиските луѓе (во соседи и колеги е над 50 %), наспроти непознатите (24,8 %). Од друга страна, мнозинството граѓани сметаат дека повеќето други луѓе би се обиделе да ги искористат (71,4 %), наместо да постапат чесно (27,9 %). 

Довербата во институциите е стабилна – индексот на доверба изнесува 45,1 и нема значајни промени споредбено со 2013 година, но и со претходните години. Пораст на довербата е присутен кај политичките партии (умерен) и медиумите (мал), додека пад се забележува кај довербата во граѓанскиот сектор (умерен) и во државата (мал).

Довербата во државниот сектор иако е сѐ уште мнозинска забележува умерен пад во 2015 година. Поточно индексот на доверба во институциите на државата во 2015 година изнесува 50,3, наспроти 56,0 во 2013 година. Раст на довербата нема во однос на ниту една институција. Граѓаните сѐ уште имаат најмногу доверба во АРМ и во образовните институции.

Најголеми промени има во довербата во правосудството со намалување од 12,6 процентни поени, но истата е на нивото од претходните години (2006-2010). Умерен пад на довербата е присутен во однос на претседателот, локалната самоуправа, полиција, образовните и здравствените институции, додека мал во довербата во Собранието, Владата и институциите за социјална заштита. Довербата во АРМ и во комуналните претпријатија не подлежи на значајни промени.

Општата доверба во меѓународната заедница општо гледано, не претрпела значајни промени (од 43,5, на 45,3 %), но состојбата е поинаква кога се работи за довербата во конкретните институции со кои таа е претставена во Македонија (индексот е 60,5 %). Во таков случај, довербата во институциите на меѓуародната заедница: ОН, ЕУ, НАТО, ОБСЕ и Совет на Европа поединечно покажуваат дека таа ужива мнозинска доверба на граѓаните (над 50 %).

Довербата во професиите во 2015 година бележи умерено опаѓање во однос на 2013 година, но е малку повисока од довербата во 2008 и 2010 година. За разлика во 2013 година кога кај сите професии имало зголемување во споредба со 2010 година, скоро сите професии бележат умерено (верски лица, судии), мало (државни службеници) или незначително намалување (полицајци, наставници, лекари, консултанти).

Најголема (мнозинска) доверба и во 2015 година уживаат наставниците, професорите и лекарите, а јавните обвинители и судиите најмала.

 
Се наоѓаш тука  : Fillimi Për punën tonë Hulumtime dhe publikime Lista e hulumtimeve dhe publikimeve