Извештај за овозможувачката околина за развој на граѓанското општество за 2021 година - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Извештај за овозможувачката околина за развој на граѓанското општество за 2021 година PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike

Автор: Снежана Камиловска Трповска, Валентина Величковска
Дата: Април, 2022
PDF: Monitoring-Matrix-Brief-North-Macedonia.pdf

mm webМЦМС продолжува да ја следи овозможувачката околина на граѓански организации за која цел го подготви деветиот Извештај за овозможувачката околина за развој на граѓанското општество за 2021 година. Следењето се заснова на матрицата за следење на овозможувачката околина за развој на граѓанското општество, развиена од претставници на организации членки на Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН). 

Извештајот ги следи состојбите во околината во која дејствува граѓанското општество во рамките на трите клучни области:

  1. Основни загарантирани законски слободи;
  2. Рамка за финансиска одржливост на граѓанските организации;
  3. Односот меѓу Владата и граѓанските организации.

Состојбата на граѓанското општество во 2021 г. не прогресираше и продолжи да дејствува во релативно овозможувачка околина.

Основните слободи на здружување, собирање и изразување беа законски загарантирани и генерално заштитени. Меѓутоа, во 2021 година, повторно се соочија организаците со одредени предизвици. Имено, процесот на измени и дополнувања на Законот за здруженија и фондации не започна во 2021 година иако се очекуваше. Исто така, одредбите од Кривичниот законик продолжуваат да претставуваат одредени ризици за слободата на здружување. Поради кризата СОВИД-19, обезбедувањето финансиски средства беше предизвик за граѓанските организации имајќи предвид дека државата не предвидуваше мерки за поддршка на ГО.

И покрај тоа што во 2021 година се започна со надминување на кризата со КОВИД-19, реформите за унапредување на овозможувачката околина на ГО беа одложени, и  во 2021 година не беа идентификувани реформи.     

Сеопфатната реформа на рамката за државно финансирање на ГО напредуваше бавно. Формирањето на работната група за државно финансирање на граѓанските организации беше одложено и се случи на последниот ден од 2021 година. Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за млади и спорт имаат најголеми буџети за распределба на ГО кои се однесуваат на социјална заштита, спорт и младина. Правната рамка за јавно финансирање на ГО сè уште не обезбедува: институционална поддршка; повеќегодишни договори; и (ко)финансирање од ЕУ и други проекти. Понатаму, постои необврзувачки процедурален документ (Кодекс) кој ја регулира распределбата на средствата врз основа на најдобрите практики. Државното финансирање продолжува да биде речиси непрепознатлив извор на приход за ГО и достапно само за ограничен број организации. Недостигот од расположливи средства продолжува да биде сериозен предизвик за ГО.

Имплементацијата на Стратегијата за соработка и развој на граѓанското општество и Акцискиот план за 2018-2020 година се завршени во 2020 година, а Советот за соработка беше вклучен во мониторинг на имплементацијата на истата. Сепак, Стратегијата беше за периодот до 2020 година и се очекуваше во 2021 година да стапи на сила нова Стратегија, но тоа не се случи се до крајот на 2021 година.

Според податоците од мониторингот на ЕНЕР и собраниските седници во 2021 година, во Собранието биле разгледани 117 закони што ги подготви Владата. Од нив, 48 (41%) предлог-закони се објавени на ЕНЕР за јавни консултации што е подобрување во однос на 2020 година (34,3%). ЕНЕР иако овозможува да граѓанските организации и граѓаните да ги поднесуваат своите иницијативи по електронски пат, сепак оваа опција речиси и не ја користат граѓанските организации и јавноста, бидејќи не беа поднесени иницијативи на ЕНЕР во 2021 година. 

Дел од државните институции продолжија да ја покануваат и вклучуваат јавноста/ГО за да ги коментира законите и иницијативите за политики во рана фаза. Според резултатите од истражувањето, 44% од граѓанските организации се согласуваат дека ГО се вклучени во раната фаза на подготовка на закони и креирање политики. Сепак, многу е мала бројката од предлозите на ГО кои се земени во предвид при конципирање на овие политики.

 


Te nderlidhura:

 

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Fillimi Për punën tonë Hulumtime dhe publikime Lista e hulumtimeve dhe publikimeve