Рејтинзи на политичките партии - преглед на анкетите - 2020 - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Рејтинзи на политичките партии - преглед на анкетите - 2020 PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike

Дата: Јули, 2020 година
Автори: Александар Кржаловски и Фанија Ивановска
PDF: pregled-na-anekti-za-rejtinzi-2020.pdf

rejtinzi na politickite partiiМакедонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во рамките на своите активности за следење на предвремените избори за пратеници, ги следи објавите на разните агенции за рејтингот на политичките партии. Во овој извештај е презентиран прегледот на последните објави на секоја од агенциите пред претстојните избори закажани за 15 јули 2020 година.

Во прегледот се објавени споредбено рејтинзите на партиите (процентот од испитаниците кои се изјасниле за таа партија на прашањето „за кого ќе гласате на изборите на 15 јули“ или слична формулација, зависно од агенцијата), според анкетите на агенциите. Споредена е прво методологијата: тип на истражување (теренско или телефонско), примерок (број на испитаници), статистичка грешка (каде што било достапно), како и период на анкетирање и датумот на објавување. Кај податоците кои се преземени од медиумите, за датум на објавување наведен е датумот кога била објавена во медиумот.

Понатаму, покрај рејтинзите направена е проценка предвидениот број на освоени гласови, согласно со процентите од анкетата, без да се земат превид (т.е. со исклучување) на неопределените, што ќе биде директно најспоредлив податок со конечниот извештај на Државната изборна комисија (ДИК), по завршување на изборите. Се разбира, при споредба со официјалните резултати, ќе треба да се пондерираат вредностите со процентниот број  на определените гласачи во однос на постигнатата излезност, за секоја од агенциите посебно.

Прегледот е направен врз основа на информациите доставени до МЦМС (сопствена нарачка за анкета спроведена од М-Проспект), од објави на официјалните страни на нарачателите и/или анкетните агенции (НДИ и ИПИС), објави на социјалните медиуми на нарачателите и/или агенциите (БИПС), како и од објави во медиумите (анкетите на Брима, МекЛафин, ИФЕС и Стратум).

 

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Fillimi Për punën tonë Hulumtime dhe publikime Lista e hulumtimeve dhe publikimeve