Спорот за името - 2018: ставови на јавноста во Македонија - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Спорот за името - 2018: ставови на јавноста во Македонија PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike

Автори: Сашо Клековски, Јасмина Михаиловска, Милош Јованов
Датум: мај 2018 г.
ISBN: 978-608-4848-07-3
PDF македонски:  sporot-za-imeto-2018.pdf
PDF english: the-name-dispute-2018.pdf

sporot za imeto 2018Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) е граѓанска организација, посветена на демократскиот развој на Македонија и на европските политики и интеграции. 

МЦМС во континуитет го поддржува правото на самоидентификација на Република Македонија. 

Во 2004 година, заедно со други организации, ја организираше и учествуваше во кампањата „Кажи Македонија“ (Не ме фиромирај). Во 2008 година, со заедничка изјава „И Македонија и НАТО“, МЦМС заедно со неколку организации повторно се произнесе сметајќи дека името е право на самоидентификација, а не спор. 

По непоканувањето за членство во НАТО во 2008 година, како и по застојот во интеграциите на ЕУ од 2009 година, спорот за името Македонија станува главна пречка во евроатлантските интеграции на Македонија.

Во 2010 година, МЦМС за првпат спроведе истражување на јавното мислење во Македонија за спорот за името Македонија. Во 2011 година и во 2013 година, МЦМС и ИДСЦС, водени од застојот на евроатлантските интеграции на Македонија и потребата за политики засновани на факти, спроведоа нови истражување за спорот за името Македонија.

Во април 2018 година, МЦМС и ИДСЦС, со М-Проспект, спроведоа истражување на јавното мислење по четврти пат, а резултатите се презентирани во овој извештај.

Истражувањето треба да придонесе кон поширока и поинформирана јавна дебата за спорот за името, во која ќе бидат вклучени сите релевантни чинители.

sporot za imeto 2018 baner

 

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Fillimi Për punën tonë Hulumtime dhe publikime Lista e hulumtimeve dhe publikimeve