Суштествена вклученост на граѓанските организации во „Целите за одржлив развој“ на Обединетите нации - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Суштествена вклученост на граѓанските организации во „Целите за одржлив развој“ на Обединетите нации PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike

Автори: Симона Огненовска, МЦМС и Алека Папа, ИДМ-Албанија
Дата: септември 2017г. 
ISBN: 978-608-4681-87-8 
PDF MK: sustestvena-vklucenost-na-gragjanskite-organizacii-vo-celite-za-odrzliv-razvoj-na-obedinetite-nacii.pdf
PDF EN: meaningful-involvment-of-csos-in-sdgs.pdf

sustestvena vklucenost na gragjanskite organizacii vo celite za odrzliv razvoj na obedinetite naciiЦелите за одржлив развој (ЦОР) на Обединетите нации (ОН) стапија во сила од јануари 2016 година. Со фокус на развиените земји и земјите во развој и преку посочување на прашањата за развој, животна средина, човекови права, безбедност и социјална правда како меѓусебно поврзани и нераздвојни, тие придонесоа кон растечкиот импулс за поддржување на развојот и неговото интегрирање во рамките на напорите за добро владеење.

Во овој контекст значајно е да се разгледаат ЦОР од регионална перспектива на Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија), имајќи го предвид фактот дека регионот споделува слични политички и структурни социоекономски предизвици. Сепак, оваа крајно амбициозна Агенда, со 17 цели и 169 целни подрачја, не може да се постигне и спроведе само од страна на националните влади, таа налага зголемено партнерство меѓу владите, граѓанските организации (ГО), приватниот сектор и академската заедница. Поради таа причина, од критично значење е дискусијата за улогите и одговорностите кои треба да бидат преземени од страна на различните чинители.

Целта на овој краток документ за јавна политика е да ја изнесе моменталната состојба на вклученост на ГО во локализацијата на ЦОР во целиот регион со цел да се застапува за суштествена вклученост на граѓанското општество во процесот.

Како што Агендата 2030 го трасира патот кон одржлив развој, се чини дека Западен Балкан не заостанува премногу – барем кога станува збор за почетните чекори преземени за спроведување на ЦОР. Подготвителните чекори за интегрирање и усогласување на ЦОР во постоечките национални стратегии се спроведени во скоро сите земји од Западен Балкан. Сите земји, освен Србија, бележат напредок кон интегрирањето на ЦОР во своите национални стратегии за развој. Имено, процесот е започнат во Албанија, во Косово и во Црна Гора, додека пак во Македонија и во Босна и Херцеговина подготвена е анализата на јазови за усогласеноста на националното законодавство.

Различни институции го водат процесот на локализација на ЦОР, почнувајќи од владини кабинети, до клучни министерства. На пример, владиниот кабинет во Србија, Кабинетот на премиерот во Албанија и во Косово и Кабинетот на заменик-претседателот на Владата за економски прашања во Македонија се примарните институции кои се одговорни за спроведување на ЦОР, додека пак во Црна Гора, тоа е Министерството за одржлив развој и туризам преку своето Одделение за одржлив развој и интегрирано управување со морето и крајбрежното подрачје (ИКЗМ), а во Босна и Херцеговина тоа е Министерството за финансии и трезорот преку својот Сектор за координација на меѓународна помош. Покрај тоа, формирани се меѓусекторски тела во Албанија (Меѓуминистерскиот комитет за постигнување на ЦОР), во Македонија (Националниот совет за одржлив развој) и во Србија (Меѓусекторска работна група на Владата за Агендата 2030).

Во регионот, со исклучок на Црна Гора, не постојат механизми за соработка и значајна вклученост на граѓанското општество во процесите на ЦОР. Кога станува збор за вклученоста на ГО во фазата на усогласување на националните документи со ЦОР, има недостаток на вклученост во Босна и Херцеговина, во Србија и во Македонија, проследени од попозитивниот пристап во Албанија и во Косово. Од друга страна, пак, Црна Гора се покажува како најдобар пример за партиципативен пристап кој ги вклучува недржавните чинители. ГО во Црна Гора беа консултирани во текот на фазата на преточување на ЦОР во националната стратегија, а исто така се присутни на редовна основа со двајца свои претставници во Националниот совет за одржлив развој, климатски промени и интегрирано управување со морето и крајбрежното подрачје.

Публикацијата е подготвена во рамки на регионалниот проект „Подготовка за развојна помош”, кој МЦМС го спроведува на национално ниво. Регионален координатор на проектот е Хоризонт3000 и БЦСДН, а партнери од ЕУ земји се СЛОГА од Словенија, Понтис фондацијата од Словачка и КРОСОЛ од Хрватска и Конкорд. Покрај МЦМС, на национално ниво активностите ги спроведуваат: Граѓански иницијативи и Граѓански парламент од Србија, ЦРНВО од Црна Гора, ИДМ од Албанија. Проектот е финансиран од Австриската агенција за развојна соработка и членките на Хоризонт3000.

 

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Fillimi Për punën tonë Hulumtime dhe publikime Lista e hulumtimeve dhe publikimeve