Вршење дејност од граѓанска организација – прирачник за економски активности - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Вршење дејност од граѓанска организација – прирачник за економски активности PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike

Автор: Николаки Миов
Дата: 2015 година
ISBN: 978-608-4681-31-1
PDF:  2015-ekonomski-aktivnosti-vrshenje-dejnost.pdf

2015-ekonomski-aktivnosti-vrshenje-dejnostОвој Прирачник им е наменет на оние кои се активно поврзани со непрофитниот сектор и имаат прашања поврзани со вршење дејност во рамките на регистрирана непрофитна организација и на оние кои размислуваат за отпочнување дејност за прв пат и имаат прашања која организациска форма е најдобра за замислениот деловен потфат.

Се надеваме дека Прирачникот пред вас ќе одговори на прашањата кои ги имате во врска со оваа тема или барем да ве насочи каде да побарате одговори на специфични прашања кои не се покриени во него.

Темата вршење стопанска дејност е широка и би било нереално ваков прирачник да претендира да ги покрие сите прашања поврзани со сите можни дејности кои постојат или онаа во која вие сте можеби пионер. Нашата цел е појаснување на можностите за вршење економски активности и други прашања поврзани со нив и поттикнување на граѓанските организации да се занимаваат со економски активности.

Ако ви треба запознавање со законската рамка на вршењето дејност со акцент на граѓански организации, како и генерално запознавање со опкружувањето на деловните активности во Република Македонија, овој прирачник е за вас.

Прирачникот не е замена за професионална поддршка на адвокати, сметководители и други професии. Тие постојат со причина и одредени околности го прават обраќањето за таква поддршка нужност. Но тој би требало да ви ја олесни комуникацијата во сите аспекти поврзани со вршењето дејност.

 

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Fillimi Për punën tonë Hulumtime dhe publikime Hulumtime