Пат кон отпорност и реинтеграција на ранливите семејства во заедницата (РРП) - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Пат кон отпорност и реинтеграција на ранливите семејства во заедницата (РРП) PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike

МЦМС и партнерите ја подготвија пријавата за втората фаза на проектот „Пат кон отпорност и реинтеграција на ранливите семејства во заедницата" со која се планира продолжување на некои од активностите, додека некои од нив беа модифицирани врз основа на искуствата од претходната фаза.

Главна цел: Иницирање целовити пристапи за одржлива реинтеграција на ранливите семејства (вклучувајќи ги оние со странски терористички борци повратници) во Северна Македонија.

Оваа програма има за цел да обезбеди поддршка за ранливите семејства, главно во заедниците со повратници, нудејќи услуги за подобрување на благосостојбата, како што се психо-социјална поддршка и поддржан пристап до пазарот на трудот, како и овозможување средина за понатамошна индиректна поддршка во иднина, во соработка со властите. Со помош на локални референтни групи (групи со локални неформални лидери, т.е. луѓе со авторитет и доверба во локалните заедници т.е. верски работници, наставници, работници од НВО и слично). Активностите на програмата ќе се спроведуваат во Скопје: Чаир, Сарај, Арачиново, Гази Баба, Бутел и Студеничани; Куманово и Липково, како и во Тетово. Дел од активностите ќе се спроведуваат на национално и регионално ниво (Косово, Албанија).

Целни групи на програмата се: ранливите семејства, повратниците и нивните семејства, нивните соседи, членовите на заедницата во областите каде што живеат повратници, вклучувајќи работници од првата линија (лидери на заедницата), авторитетите/релевантните институции на национално и локално ниво локалните и националните медиуми (нивните уредници и новинарите).

Овој предлог вклучува работа на шест исходи, шест резултати и 20 активности (заедно со завршната студија).

  • Во првиот исход, фокусот останува на странските терористички борци повратници (СТБП) и нивните семејства. Разликата во новата фаза е што ќе бидат вклучени нови 10 корисници. Тоа се СТБП кои издржуваат затворски казни. Нивните сопруги исто така ќе бидат дел од овие активности. Вкупниот број на корисници ќе биде 26.
  • Во вториот исход, новите активности ги вклучуваат Локалните совети за превенција (ЛСП) во однос на градење на капацитетите и ко-организирање на локалните иницијативи. Другите три активности се однесуваат на воспоставување на Сервис деск во пет училишта кој ќе се користи како механизам за упатување. Во активностите се очекува да бидат вклучени околу 550 РПЛ, ученици и граѓани.
  • Во третиот исход, предложивме да продолжиме со настаните во заедницата, но со различно сценарио, организирани според методологијата на Форум театар. Вкупно се планирани 15 настани и очекуваме околу 500 директни учесници и многу повеќе индиректни гледачи на претставата онлајн. Темата на претставата е за процесот на онлајн радикализација на младите луѓе преку учество во видео игри (Гејмификација). Две активности вклучуваат млади преку младински организации и училишта. Со активностите под овој исход, се очекува да бидат вклучени повеќе од 550 граѓани.
  • Во петтиот исход, предложивме да задржиме две активности посветени на градење на капацитетите на новиот Национален комитет преку работилница/обука, национална конференција и една студиска посета. Активностите ќе вклучат приближно 60-70 учесници.
  • И конечно, шестиот исход се состои од комбинација на нови и стари активности. Вкупно ќе бидат испорачани 4 обуки/работилници. Три од нив се добра практика пренесена од претходната фаза. Околу 63 РПЛ (наставници, општински службеници и претставници на центрите за социјална работа) ќе бидат дел од обуката. Една работилница ќе биде посветена на верските чинители. Сите овие активности ќе вклучат најмалку 85 учесници.

Спроведувачи: Македонски центар за меѓународна соработка, Нексус – граѓански концепт и Здружение Плеиадес.

Периодот на спроведување е 1 октомври 2024 г. - 30 септември 2024 г.

Буџетот изнесува: 13.500.000 МКД и е обезбеден од Глобалниот фонд за ангажираност и отпорност на заедницата - ГЦЕРФ

 

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Fillimi Për punën tonë Hulumtime dhe publikime