Граѓанска завршна сметка за 2014 година |
Автор: Никица Мојсоска Блажевска Публикацијата претставува водич низ Завршната сметка на Република Македонија. Таа треба да им послужи на граѓаните, на граѓанските организации, студентите и општата јавност како алатка преку која ќе се запознаат со основните поими и факти за завршната сметка и буџетот, а воедно и да придонесе за појасно и лесно читање на истите. Публикацијата се состои од три дела. Првиот дел дава општ преглед на поими поврзани со јавните финансии и буџетот. Вториот дел е посветен на начинот на прикажување на податоците во завршната сметка преку прегледи и примери, додека третиот дел дава детален осврт на приходите и расходите. Издавањето на публикацијата е дел од Програмата на УСАИД за антикорупција која ја спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка. |