Пат кон отпорност и реинтеграција на ранливите семејства во заедницата (РРП) |
Програми |
МЦМС и партнерите ја подготвија пријавата за втората фаза на проектот „Пат кон отпорност и реинтеграција на ранливите семејства во заедницата" со која се планира продолжување на некои од активностите, додека некои од нив беа модифицирани врз основа на искуствата од претходната фаза. Главна цел: Иницирање целовити пристапи за одржлива реинтеграција на ранливите семејства (вклучувајќи ги оние со странски терористички борци повратници) во Северна Македонија. Оваа програма има за цел да обезбеди поддршка за ранливите семејства, главно во заедниците со повратници, нудејќи услуги за подобрување на благосостојбата, како што се психо-социјална поддршка и поддржан пристап до пазарот на трудот, како и овозможување средина за понатамошна индиректна поддршка во иднина, во соработка со властите. Со помош на локални референтни групи (групи со локални неформални лидери, т.е. луѓе со авторитет и доверба во локалните заедници т.е. верски работници, наставници, работници од НВО и слично). Активностите на програмата ќе се спроведуваат во Скопје: Чаир, Сарај, Арачиново, Гази Баба, Бутел и Студеничани; Куманово и Липково, како и во Тетово. Дел од активностите ќе се спроведуваат на национално и регионално ниво (Косово, Албанија). Целни групи на програмата се: ранливите семејства, повратниците и нивните семејства, нивните соседи, членовите на заедницата во областите каде што живеат повратници, вклучувајќи работници од првата линија (лидери на заедницата), авторитетите/релевантните институции на национално и локално ниво локалните и националните медиуми (нивните уредници и новинарите). Овој предлог вклучува работа на шест исходи, шест резултати и 20 активности (заедно со завршната студија).
Спроведувачи: Македонски центар за меѓународна соработка, Нексус – граѓански концепт и Здружение Плеиадес. Периодот на спроведување е 1 октомври 2024 г. - 30 септември 2024 г. Буџетот изнесува: 13.500.000 МКД и е обезбеден од Глобалниот фонд за ангажираност и отпорност на заедницата - ГЦЕРФ |