Перцепцијата на граѓанските организации за вмрежувањето - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Перцепцијата на граѓанските организации за вмрежувањето PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike

Автори: Јасмина Чаушоска, Даниела Стојанова
Дата: февруари 2016 г.
ISBN 978-608-4681-64-9
PDF: percepcijata-na-graganskite-organizacii-za-vmrezuvanjeto.pdf

percepcijata-na-graganskite-organizacii-za-vmrezuvanjetoСоздавањето партнерства и јакнењето на вмрежувањето на граѓанските организации е еден од приоритетите на проектот Техничка поддршка на граѓанските организации (ТАКСО). Од овие причини, Македонската канцеларија на ТАКСО и Ресурсниот центар на ТАКСО - Македонски центар за меѓународна соработка, во периодот јули 2015 г. – февруари 2016 г. спроведоа сеопфатна процена на потребите на мрежите кои дејствуваат во Република Македонија, која треба да служи како основа за следните чекори на градење капацитети за вмрежување и партнерство. Оваа проценка се состоеше од анализа на литература, две онлајн-анкети и форум.

Во овој извештај се презентирани наодите од првата анкета со граѓански организации, спроведена во јули 2015 г., како и дел од дискусијата на форумот, одржан во февруари 2016 г.

Во анкетата учествуваа 128 граѓански организации и истата имаше за цел да се констатираат состојбите во вмрежувањето на граѓанските организации и мотивацијата на граѓанските организации да членуваат во мрежи, понатаму да се идентификуваат кои се нивните придобивки, предизвици и проблемите при вмрежувањето, да се осознаат ставовите на граѓанските организации за мрежите, како и да ги идентификува постоечките мрежи во Република Македонија.

 

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Fillimi Për ne Qëllimet tona Procesi i mbështetur eurointegrues