Doracak praktik për partneritet |
![]() |
![]() |
![]() |
Автор: Флориана Напини
Започнувајќи од следниот програмски период (2007-2013), принципот за ЕУ партнерство (кој подетално ќе биде разгледан подолу), исто така ќе се применува и за Новиот соседски инструмент. Комисијата ќе побара при создавањето на партнерства да бидат вклучени претставници од различни тела и организации од секоја држава во планирањето и стратешкиот развој. Затоа, Комисијата придонесува за развојот на демократските процеси и истовремено води грижа спроведените проекти да бидат корисни и за целата ЕУ и за поединечната држава. Разумно е да се претпостави дека искуството и најдобрите практики во однос на партнерството од долгогодишната имплементација на структурните фондови во земјите-членки на ЕУ (и старите и новите), навистина би можеле да бидат релевантни за сите соседни држави покриени со релевантните политики на ЕУ. Затоа, поаѓајќи од дефиницијата на принципот за партнерство на ниво на ЕУ, овој прирачник ќе се обиде да ги истражи концептите и идеите што лежат во основата на партнерството како и некои од неговите форми и структури. Во овој прирачник се дадени и практични примери за примената на партнерството во пракса и најдобрите практики во голем број различни држави (од старите, преку новите земји-членки до соседните држави на ЕУ). |