Градење на капацитетите на локалната самоуправа - извршно резиме - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Градење на капацитетите на локалната самоуправа - извршно резиме PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike

Децентрализацијата е комплексен процес тесно поврзан со напорите за интеграција во Европа и со крајна цел подобрување на услугите за граѓаните кое ќе води кон подобрување на животниот стандард.

lrz201Модерната локална самоуправа од европски тип бара умешност и компетентно управување во општините. Прифаќањето на новите стандарди и вредности во функционирањето на локалната самоуправа, новата организациска култура, зајакнати капацитети на луѓето во администрацијата преку унапредување на знаењата и вештините е чекор кон ефикасно и ефективно задоволување на потребите и интересите на граѓаните.

Професионализацијата на локалната самуправа преку стекнување на нови знаења и вештини е императив за успешно спроведување на децентрализацијата и ефикасноста на локалната самоуправа.

Оттука институционалниот и управувачкиот капацитет се јавува како еден од најважните фактори во обезбедување долгорочен и одржлив развој на заедниците.

Зајакнувањето пак, на институционалниот и управувачкиот капацитет на општините преку инвестиција во човечкиот развој е еден од предусловите за ефективна и ефикасна локална самоуправа која ќе биде спремна да одговори на потребите и барањата на своите граѓани во брзо и навремено решавање на проблемите во заедниците.

Општа цел на проектот е подобрени услуги за граѓаните во заедниците.

Цел на проектот се подобрени организациски и институционални капацитети на руралните и други мали заедници за развојни иницијативи.

Целна група на проектот се граѓаните од општините: Долнени, Могила, Карбинци, Лозово, Старо Нагоричане, Сарај, Јегуновце, Желино, Чашка, Конче, Теарце, Велес и Прилеп.
Целното подрачје ги опфаќа горенаведените општини.

Очекувани резултати се: развиени знаења и вештини за пристап и управување со фондови и зајакнати човечки ресурси во локалните самоуправи за управување и раководење.

Активностите преку кои ќе се постигнат горенаведените резултати се: обука за подготовка на проекти за ИПА, обука за пристап до донаторите и изработка на апликации, и водење низ процесот на подготовка на апликации преку консултации. Другата група на активности се однесуваат на обуки за управување: обука за раководење со човечки ресурси, обука за тимска работа, обука за односи со јавноста, и обука за комуникациски вештини и решавање на конфликти.

Основната претпоставка за реализирање на целите во рамките на проектот е отсуството на значајни промени во структурата на локалната самоуправа. Имено важно е знаењата и вештините стекнати низ обуките и консултациите да најдат практична примена во системите и процедурите на локалната самоуправа и да бидат искористени на најдобар можен начин во подобрување на функционирањето на ЛС.

Имено, поаѓајки од претпоставката дека четирите обуки и консултации може да не се доволен инпут во остварувањето на целите за подобрени организациски и институционални капацитети на ЛС, се обидовме да ги утврдиме приоритетите на другите актери (прилог 4). Синергијата меѓу овие обуки и обуките и консултациите од другите релевантни актери и агенции ќе биде секако важен удел во подобрување на капацитетите на ЛС.

Временскиот период на спроведување е 25 март – 24 декември 2008 година.

Финансискиот план на проектот изнесува 720.000,00 МКД (директни трошоци).

 

Завршен извештај од проектот.

 
Се наоѓаш тука  : Fillimi Për ne Historia jonë