Споредбена анализа на системите за државно финансирање на граѓанските организации |
![]() |
![]() |
![]() |
Автори: Горан Форбици и Моника Костањевец
Анализата нуди основа за конкретни препораки за системот на државно финансирање во Македонија, т.е. предлага еден или повеќе модели за финансирање, кои ги земаат предвид специфичните одлики на македонското општество и неговиот политички и правен систем. Истражувањето на практиките на државното финансирање на ГО е направено со помош на претставници на ГО и на владините служби за соработка со НВО од анализираните земји. Публикацијата е наменета за сите чинители вклучени во процесот на доделување средства на граѓанските организации во Република Македонија, а ќе им послужи и на други заинтересирани од земјите од Западен Балкан и од Турција. МЦМС од 2007 година темелно се залага за подобрување на директното буџетско финансирање на граѓанските организации од страна на државата. Активностите се спроведуваат преку истражување и информирање за можностите за подобрување на целокупниот систем за финансиската поддршка за граѓанското општество. Оваа анализа е подготвена од страна на Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации (ЦНВОС) од Словенија, кои заедно со МЦМС го спроведуваат проектот „Кон реформирано државно финансирање на граѓанските организации“, финансиски поддржан од Европската Унија. |