Тесните врски помеѓу парите и политиката - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Тесните врски помеѓу парите и политиката PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike

Автор: Ана Јаневска Делева и Цветанка Михајловска
Дата: март 2016 г.
ISBN: 978-608-4681-53-3
PDF: tesnite-vrski-pomegju-parite-i-politikata.pdf

tesnite vrski pomegju parite i politikataВрската помеѓу парите и политиката е неизбежна, очекувана, повторлива, универзална и сосема веројатно нераскинлива. Сето ова е разбирливо имајќи предвид дека политичките партии имаат потреба од пари за да развијат програми, да учествуваат во политички натпревар, да победат на избори и да практикуваат власт. Меѓутоа оваа меѓузависност носи сериозни ризици да прераресне во опасна врска токму кога партијата ја има власта. Противуслугите во форма на посебен третман се вид на корупција што најчесто ги разјадува демократиите низ светот.

Политичките партии се столбови на современите демократии. Тие се клучни за генерирањето активни политички актери и создавање политики кои преку избори и легитимно владеење прераснуваат во политички решенија. Оттука, како креатори на политичкиот живот во едно општество, политичките партии потенцијално се носители не само на моќ, туку и на одговорност за негување на демократските принципи. Токму и затоа начинот и контролата на нивното финансирање е важно за создавање и одржување стабилен и легитимен политички систем.


Te nderlidhura:

 
Се наоѓаш тука  : Fillimi Për ne Historia jonë