Анализа на работењето на Државната комисија за спречување на корупција - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Анализа на работењето на Државната комисија за спречување на корупција PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike

Автор: Мартин Дувњак
Дата: февруари 2016 г.
ISBN: 978-608-4681-50-2
PDF: izjava-po-povod-javen-povik-za-clenovi-na-sovet-za-go.pdf

Analiza na rabotenjeto na Drzhavnata komisija za sprechuvanje na korupicija Оваа анализа која се однесува на работата на Државната комисија за спречување корупција се занимава со тоа е дали Комисијата делува професионално, дали ефикасно се справува во борбата против корупцијата или пак дејствува само во однос на минорни и незначителни процеси, избегнувајќи ги посериозните и покрупни случаи на корупција.

Покрај потсетувањето на надлежностите на Комисијата, се прави увид во последните годинешни извештаи на Комисијата но и оние на Европската комисија. Преку анализа на неколку конкретни познати случаи се бара одговорот на професионално и ефикасно справување со корупцијата. Авторот заклучува дека недостасува искрена политичка волја за справување со корупцијата, а битката против неа е повеќе декларативна, отколку суштинска. Тој констатира дека Македонија има заокружена и релативно добра правна рамка за борба против корупцијата, меѓутоа, она што недостасува е ефикасна имплементација на законите, како и подобрување на спроведувањето во пракса на антикорупциските политики.

„Државната комисија за спречување корупција не ја остварува својата функција, бидејќи сѐ повеќе се претвора во нем посматрач на општествените случувања и процеси. Нејзината улога е сѐ повеќе маргинализирана, што во голема мера се должи на нејзината неефикасност, нетраспарентност, како и исполитизираност, поради отсуството на реакција, или примената на двојни аршини во постапувањето“, вели авторот и додава дека крајно дискутабилен е и начинот на избор на членови на ДКСК, кој се покажа дека е под силно политичко влијание.

Антикорупциското тело мора да ја добие својата вистинска улога како еден од главните државни заштитни механизми за спречување на корупција и криминал. Потребна е поголема соработка и со Обвинителството, кое во голема мерка треба да се потпира и на иницијативите на антикорупционерите, како и на наодите на ревизорите. Државната комисија за спречување корупција неопходно е да ја зголеми својата транспарентност, како и соработката со јавноста и со невладините организации. На тој начин ќе има подобар увид во нивната работа и во активностите што ги преземаат, но и ќе се подобри имиџот на оваа институција, на која треба да и се верува.

Граѓаните треба на ова тело да гледаат со доверба, за да се охрабрат на поголема соработка и пријавување на случаи на корупција и криминал. Граѓаните мораат да бидат свесни и информирани за способноста на системот да биде отпорен на корупцијата. Ова нема само да ја зајакне довербата во системот туку и ќе ја намали поединечната лична толеранција кон коруптивните дела. Преку редовно информирање, јавноста ќе биде информирана за антикорупциските стандарди и ќе ја зајакне својата способност да се придружува на овие стандарди.


Te nderlidhura:

 
Се наоѓаш тука  : Fillimi Për ne Historia jonë