Ефективност на граѓанското општество во ситуации на конфликт |
![]() |
![]() |
![]() |
Општа цел на проектот беше овозможувачка околина за ефективно функционирање на граѓанските организации. Цел на проектот беше подобрена соработка помеѓу граѓанските организации за прашања од заеднички интерес. Целна група на проектот беа граѓанските организации и донаторите. Директни корисници беа граѓанските организации и нивните мрежи. Целното подрачје беа земјите од Западен Балкан, а локацијата на спроведување на проектот беше Скопје. Постигнати резултати од проектот се: Подготвени препораки за насоки, механизми и показатели за поддршка на ГО во ситуации на конфликт засновани на Истанбулските принципи. Проектот се спроведе преку следните активности: а) Регионална тематска консултација: На работилницата присуствуваа 23 учесници на граѓански организации кои имаат искуство со работа во ситуации на конфликт од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Србија, Хрватска и Црна Гора. Работилницата беше дводневна, каде првиот ден беше презентација на Отворениот форум и пленарна расправа, а вториот ден имаше практичен дел кој им овозможи на учесниците да ги споделат своите искуства и да дискутираат со останатите учеснинци од други држави. Во дводневната работа учесниците успеаја да:
Работилницата се одржа на 28 февруари и 1 март 2011 г. во х. Холидеј ин во Скопје. МЦМС беше одговорен за организација и фасилитација на работилницата. БЦСДН беше одговорен за координација на регионалното учество. Периодот на спроведување беше од 15 февруари до 29 април 2011 г . Цивикус, МЦМС и БЦСДН беа одговорни за спроведување на проектот. Одговорна за проектот беше Даниела Стојанова, одговорен соработник за програмата, а во спроведувањето на активностите беа вклучени повеќе соработници. Директните трошоци за проектот изнесуваат вкупно 594.435 денари. |