Македонскиот центар за меѓународна сорбаботка (МЦМС) како организација која обезбедува неформално образование нуди можност за учество на обуките кои ќе бидат организирани во периодот октомври – декември 2006.
Обуки за периодот октомври – декември 2006
Интегрирано раководење со проектен циклус
Времетраење: 5 дена Термин на одржување: 16 – 20 окт. Рок за пријавување: 6 октомври Локација: Охрид, Хотел Милениум Котизација* за обуката: 7.150 (МКД) Котизација со дневни трошоци**: 18.200 (МКД) Котизација со дневни трошоци за членови на граѓански организации***: 2.730 (МКД)
|
Организациски менаџмент и развој
Времетраење: 6 дена Термин на одржување: 30 окт– 4 ноем Рок за пријавување: 20 Октомври Локација: Струга, Хотел Дрим Котизација* за обуката: 8.300 (МКД) Котизација со дневни трошоци**: 19.000 (МКД) Котизација со дневни трошоци за членови на граѓански организации***: 2.850 (МКД)
|
Раководење со проектен циклус – показатели
Времетраење: 3 дена Термин на одржување: 17-19 ноември Рок за пријавување: 7 ноември Локација: Битола, Хотел Молика Котизација* за обуката: 4.900 (МКД) Котизација со дневни трошоци**: 9.800 (МКД) Котизација со дневни трошоци за членови на граѓански организации***: 1.470 (МКД)
|
Раководење со човечки ресурси
Времетраење: 4 дена Термин на одржување:30 ноем– 3 дек Рок за пријавување: 20 ноември Локација: Маврово, Хотел Бистра Котизација* за обуката: 5.400 (МКД) Котизација со дневни трошоци**: 16.450 (МКД) Котизација со дневни трошоци за членови на граѓански организации***: 2.470 (МКД) |
Организациски менаџмент
Времетраење: 4 дена Термин на одржување: 7 – 10 дек Рок за пријавување: 27 ноември Локација: Маврово, Хотел Бистра Котизација* за обуката: 5.400 (МКД) Котизација со дневни трошоци**: 16.450 (МКД) Котизација со дневни трошоци за членови на граѓански организации***: 2.470 (МКД)
|
|
Котизација – ги вклучува трошоците за обучувач, печатени материјали за обуката и кафе паузи за време на обуката Дневни трошоци на обуката – вклучуваат сместување врз база на полн пансион за времетраење на обуката Цена за членови на граѓански организации – се однесува само на кандидати кои се претставници на граѓански организации регистрирани според Законот за Здруженија на граѓани и фондации, како и други форми на здружување (синдикати, комори, верски заедници и други).
Понудените обуки се развиени во соработка со Менаџмент за развојни фондации-Холандија (МДФ), а се целосно прилагодени на локалниот контекст. Методологијата на обуката е базирана на партиципативно учење (циклус на учење кај возрасните) и е фокусирана на размена на искуства и нивна примена во пракса. Обуката применува интерактивни алатки, а битна компонента на обуките е практична работа на конкретни проблеми од работата на учесниците. Секоја од обуките се одвива во групи од максимум 20 учесници со по 2 тренери со долгогодишно искуство во соодветната област. Обуките се одвиваат на македонски јазик. Печатени материјали се обезбедени за секој учесник.
Интегрирано раководење со проектен циклус За кого е наменета обуката
Обуката Раководење со проектен циклус примарно е за персоналот (и активисти) на организации кои се вклучени во развој, спроведување и координација на развојни проекти.
За оние организации кои што допрва сакаат да воспостават систем на раководење со проекти (проектен циклус), како и употреба на логичка рамка во нивните организации, се препорачува учество на раководството на овие органзиации.
Цел на обуката
Раководење со проектен циклус (РПЦ) е обука која има за цел да ви овозможи добро раководење и фацилитирање со портфолиото на проекти или програми во оранизацијата.
РПЦ е комбинација на пристап, кој што е фокусиран на три главни прашања: креирање на заедничко разбирање на процесите; концептите и критериумите за донесување на одлуки; креирање на чувство на сопственост и посветеност на вклучените страни; како и подобрување на капацитетот за учење на вклучената организација.
Главен употребен инструмент е Логичката Рамка, која што не само ќе ви овозможи подобра формулација и проценка на индивидуалните интервенции, туку овозможува ефективно наблудување и оценка во спроведувањето.
Употребата на административните процедури, примената на систамот за раководење со проектен циклус како и инструментите само ќе ја зголеми ефективноста во комуникацијата помеѓу засегнатите страни, а тоа пак ќе води кон зголемување на ефикасноста и ефективноста на вашата организација.
Содржина на обуката
· Раководење со проектен циклус (РПЦ) – осврт на фазите на проектниот циклус; · Методологија на идентификација и решавање на проблеми - ППОЦ (Проектно планирање ориентирано кон целите); · Анализа на проблеми (диаграм на проблеми); · Анализа на цели (диаграм на цели); · Избор на стратегија за интервенција и Логичка рамка (ЛР); · Идентификација на надворешните фактори битни за проектот - Предуслови и Претпоставки; · Дефинирање на Показатели; · Алокација на ресурси и буџетирање; · Набљудување (мониторинг); · Оценка (евалуација);
Организациски менаџмент и развој За кого е наменета обуката
Обуката за организациски менаџмент и развој е наменета за современи менаџери кои се свесни за промените и предизвиците во опкружувањето и имаат намера да ја развиваат својата организација. Најдобро е да учествува раководството на организацијата (директори, раководители, членови на управни одбори) кое е вклучено во креирањето на политиката, стратегијата и стратешките одлуки во вашата организација.
Цел на обуката
Обуката за организациски менаџмент и развој ќе ви овозможи да стекнете знаење и вештини кои се неопходни за раководењето со организација, организациски промени и развој.
Обуката има за цел да ја зајакне свеста за значењето од воспоставување соодветна внатрешна организација која адекватно ќе одговори на предизвиците кои ги носат промените во опкружувањето.
На обуката ќе стекнете познавање на сеопфатен сет на алатки кои се користат за анализа на организацијата и контекстот во кој таа функционира. На обуката ќе можете да практикувате оценка на организација и да научите како се одлучува за нејзините стратешки приоритети. Структурираниот пристап на обуката, понатаму, ќе ве води во развој на стратегии за организациски промени и нивните импликации врз персоналот и организацијата како целина.
Содржина на обуката
· Институционална анализа: анализа на надворешни фактори и анализа на актерите во областа на делување · Организациска анализа · Интегриран организациски модел · Стратешка ориентација · Логичка рамка · Организациска структура · Системи и процедури · Менаџмент стил и мотивација на персонал · Организациска култура · Организациско учење
Раководење со проектен циклус – Показатели За кого е наменета обуката
Оваа обука е наменета за проектни соработници, советници и службеници вклучени во развој и/или проценка на показтели за потребите на менаџмент контрола. За овој вид на обука потребно е учесниците предходно да се запознаени и да го владеат пристапот на логичка рамка и процесот на планирање, наблудување и оценка.
Цел на обуката
Показателите може да бидат клучен инструмент за раководителите во раководењето на развојните проекти и програми.
Оваа обука нуди можност да ги разберете функциите и ограничувањата на показателите; да бидете подготвени да развиете и препознаете ваши показатели за опкружувањето и организациската анализа со цел да придонесат во подобро планирање, наблудување и оценка.
Обуката ќе ви овозможи да ги намалите вашите потешкотии околу пронаоѓање на соодветни и корисни показатели, со цел да ги надминете големите и скапи ситеми за собирање на податоци.
Содржина на обуката
· Концепти и покакзатели во секојдневниот живот; · Анализа на контекстот преку показатели; · Показатели за организациска анализа; · Планирачки и СМАРТ показатели; · Показатели за наблудување; · Клучни показатели за оценка; · СПИЦЕД показатели за мерење на влијанието.
Раководење со човечки ресурси За кого е наменета обуката
Обуката е наменета за менаџери кои сакаат да ги подобрат своите вештини за раководење со човечки ресурси, како и за оние кои во организациите се задолжени да го водат процесот и процедурите за управување со човечки ресурси.
Цел на обуката
Обуката за раководење со човечки ресурси ќе ви овозможи да стекнете знаење за системот, процесот и алатките за управување со човечки ресурси.
Обуката има за цел да ги зајакне интерперсоналните вештини за ефективно управување со човечките ресурси и да обезбеди алатки за развој на човечките ресурси во вашите организации.
Содржина на обуката
· Систем за раководење со човечки ресурси · Регрутирање на персонал · Развој на персоналот · Следење на перформансите на персоналот · Систем за наградување и мотивација на персонал
Организациски менаџмент За кого е наменета обуката
Обуката за Организациски менаџмент е наменета за раководството на вашата организација (директори, раководители, членови на управни одбори) кое е вклучено во креирањето на политиката, стратегијата и стратешките одлуки во вашата организација.
Цел на обуката
Обуката за организациски менаџмент ќе ви овозможи да стекнете знаење, вештини и ставови кои се неопходни за успешно раководење со организација.
Обуката има за цел да ги прошири и унапреди знаењата на менаџерите за успешно да се справуваат со раководните задачи и одговорности. Посебен фокус обуката ќе стави на придобивките од добро раководење со организацијата од повеќе аспекти: институционален развој, организациско јакнење, време, средства, човечки ресурси. Стратешкиот менаџмент и менаџментот на промени се аспекти кои исто така ќе добијат соодветно внимание.
Содржина на обуката
· Раководење со организација · Институционален развој и организациско јакнење · Интегриран организациски модел · Стратешки менаџмент · Организациска структура · Системи и процедури · Менаџмент на човечки ресурси · Организациска култура
Пријавување:
Пријава за обука (зип фајл - 33Кб)
Лице за контакт: Валентина Чичева Тел. 02 3065 381 е-маил:
Kjo Adresë e Postës Elektronike është e mbrojtur nga reklamat e pa dëshirueshme.Ju duhet JavaScript e lejuar për ta shikuar atë
Во случај на поголем интерес МЦМС ќе врши селекција во согласност со утврдени критериуми. При изборот на непосредните учесници ќе се води сметка за балансирано покривање на маргинализираните групи (жени, етнички заедници, лица со посебни потреби и др.) како и географската распределба. |