Повик за учество на работилница за стратешко планирање за граѓански организации - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Повик за учество на работилница за стратешко планирање за граѓански организации PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E enjte, 16 prill 2026 12:27

Граѓанскиот ресурсен центар ги поканува граѓанските организации да учествуваат на дводневна, практична и интерактивна работилница за стратешко планирање, која ќе се одржи на 5 и 6 мај 2026 година во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар во Скопје.

rabotilnica za strasheko planiranje1

Стратешкото планирање е важна основа за развојот на секоја организација. Тоа не само што помага во јасно поставување на визијата, приоритетите и насоките на дејствување, туку претставува и клучна појдовна точка за креирање издржани проектни идеи и подготовка на квалитетни проектни предлози. Кога организацијата има јасна стратешка рамка, полесно ги препознава потребите, ги дефинира целите и планира активности што водат кон реални и одржливи резултати.

На оваа работилница, учесниците ќе имаат можност да го унапредат своето знаење за клучните елементи на процесот на стратешко планирање, да работат на анализа на внатрешната состојба на организацијата и надворешното опкружување, како и да се запознаат со практични алатки што можат веднаш да ги применат во својата работа.

Преку практични вежби, дискусии и размена на искуства, учесниците ќе работат на:

  • анализа на внатрешни капацитети и надворешно опкружување;
  • формулирање визија, мисија и стратешки цели;
  • утврдување организациски приоритети;
  • подготовка и користење формати за изработка на стратешки план;
  • поврзување на стратешките приоритети со развој на проектни идеи и подготовка на проекти.

Кому е наменета работилницата?

Работилницата е наменета за претставници на граѓански организации кои се вклучени во стратешко планирање, мониторинг, евалуација и учење, управување со програми и/или организациски развој.

Предуслов за учество

За учество на работилницата, потребно е кандидатите претходно да ја проследат онлајн обуката Стратешко планирање за граѓанските организации, достапна на онлајн Академијата на Граѓанскиот ресурсен центар.

За подобро планирање на времето, имајте предвид дека за следење на онлајн обуката се потребни најмалку 6 дена од денот на регистрацијата, бидејќи обуката се состои од 3 модули во видео формат, кои се добиваат на секои два дена. Секој модул е со времетраење од околу 20 минути.

Бројот на учесници е ограничен. Проектот ги покрива патните трошоци, во висина на автобуски билет, и сместување за учесниците што не се од Скопје.

Пријавување

Пријавете се најдоцна до 27 април 2026 година со пополнување на пријавата на веб-страната на ГРЦ.


Te nderlidhura:

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Shpallje Повик за учество на работилница за стратешко планирање за граѓански организации