МЦМС организира Обука за раководење со човечки ресурси за претставници на општините Долнени, Могила, Карбинци, Лозово, Старо Нагоричане, Сарај, Јегуновце, Теарце, Конче, Чашка, Желино, Велес и Прилеп. Обуката ќе се одржи од 23 до 25 септември 2008 година во Маврово. Пријавувањето е најдоцна до 17 септември 2008 година.
За кого е наменета обуката
Обуката е наменета за менаџерите/раководителите кои сакаат да ги подобрат своите вештини за раководење со човечки ресурси, како и за оние кои во организациите се задолжени да го водат процесот и процедурите за управување со човечки ресурси.
Цел на обуката
Обуката “Раководење со човечки ресурси” ќе ви овозможи да стекнете знаење за системот, процесот и алатките за управување со човечки ресурси.
Обуката има за цел да ги зајакне интерперсоналните вештини за ефективно управување со човечките ресурси и да обезбеди алатки за развој на човечките ресурси во вашите организации.
Содржина на обуката
- Систем за раководење со човечки ресурси
- Регрутирање на персонал
- Развој на персоналот
- Следење на перформансите на персоналот
- Систем за наградување и мотивација на персонал
Услови
Обуката е наменета за фокус општините на програмата Локален развој на заедниците (ЛРЗ): Долнени, Могила, Карбинци, Лозово, Старо Нагоричане, Сарај, Јегуновце, Теарце, Конче, Чашка, Желино, Велес и Прилеп.
На обуката се покануваат да учествуваат по двајца претставници од секоја општина.
Претставниците од фокус општините на програмата ЛРЗ ќе користат целосна стипендија за учество на обуката со што сите трошоците за учеството на обуката во износ од 13.800,00 МКД се покриени од страна на МЦМС и Evangelischer Entwicklungsdienst (EED) - Германија www.eed.de .
Избрана локација за одржување на обуката е Маврово во х. Спорт Хотел, со цел да се излезе во пресрет на барањата на учесниците на претходните обуки за промена на досега користените локации за одржување на обуките во Скопје и Велес. Патните трошоци од местото на живеење до местото на одржување на обуката се на сметка на учесниците.
Пријавување
Образец за пријавување за учество на обуката.
Програма за обуката за раководење со човекови ресурси.
Краен рок за пријавување е среда, 17.09.2008.
Лице за контакт:
Афродита Муслиу
Kjo Adresë e Postës Elektronike është e mbrojtur nga reklamat e pa dëshirueshme.Ju duhet JavaScript e lejuar për ta shikuar atë
тел: 02/ 3065-381. |