Јавен повик до граѓански организации за доделување грантови |
E hënë, 08 prill 2019 14:45 |
Македонскиот центар за меѓународна соработка во рамки на проектот Граѓански ресурсен центар објавува јавен повик за доделување партнерски грантови за организациско јакнење. Целта на овој повик е зајакнување на капацитетите на мали организации кои делуваат на локално ниво со поддршка на други поразвиени граѓански организации преку партнерство, соработка и заедничко учење. Со овие грантови ќе бидат поддржани заеднички апликации на мали организации/корисници на менторска поддршка и развиени/менторски организации, при што менторската организација ќе ги зајакнува капацитетите и ќе обезбеди поддршка во процесите за подобрување на внатрешната структура и за организациско јакнење на малите локални организации/корисници на менторската поддршка. Целокупниот износ на финансиски средства кој е на располагање во рамките на овој повик за партнерски грантови изнесува 24.000 евра (1.476.000,00 МКД), а ќе бидат доделени најмалку осум грантови со
За овој повик организациите кои ќе поднесат предлог-проект не се обврзани да обезбедат кофинансирање. Времетраењето на проектите треба да биде најмалку шест, а најмногу девет месеци. Рокот за поднесување на апликациите е 8 мај 2019 година, најдоцна до 17:00 часот. Апликациите се доставуваат на адреса: Граѓански ресурсен центар – ГРЦ, ул. „Кирил и Методиј“ бр. 50, реон 7, 1000 Скопје (наспроти дирекцијата на НЛБ Тутунска банка Скопје), и тоа по пошта (исклучиво со препорачано писмо), по курир или со лична достава. Целосните информации во однос на целите и очекуваните резултати од повикот, условите за аплицирање, подобните активности и начинот на аплицирање може да ги најдете во упатството за аплицирање. Самата апликација се состои од:
Доколку имате проблеми околу преземањето на формуларите за аплицирање и/или имате дополнителни прашања поврзани со повикот, може да се обратите преку е-пошта на Kjo Adresë e Postës Elektronike është e mbrojtur nga reklamat e pa dëshirueshme.Ju duhet JavaScript e lejuar për ta shikuar atë со назнака: Референтен број: 11-85/2-2019. Повикот ќе биде детално презентиран на четири информативни сесии и тоа:
Ве молиме, доколку сте заинтересирани да присуствувате на некоја од најавените информативни сесии, најавете го своето присуство на Kjo Adresë e Postës Elektronike është e mbrojtur nga reklamat e pa dëshirueshme.Ju duhet JavaScript e lejuar për ta shikuar atë , најдоцна до 11 април 2019 година. Граѓанскиот ресурсен центар е проект финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во партнерство со Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар и Медиа плус од Штип. |