Трет конкурс за приказни и фотографии на граѓански новинари |
E enjte, 10 maj 2018 13:02 |
Со цел да се да се зголеми плурализмот и транспарентноста во медиумската средина, потребно е граѓаните да ги актуализираат проблемите кои непосредно ги засегаат. Најголем дел од традиционалните медиуми ги третираат прашањата од поширока, национална перспектива. Во тој пристап, регионалните и локалните проблеми остануваат на маргините, односно отсуствуваат од традиционалните медиуми. За да се смени овој пристап, не е доволно освестување само на медиумите и прилагодување на нивните уредувачки политики, туку, потребно е граѓаните да ги забележат и на вистинскиот начин да информираат за нив, и на тој начин да ги актуализираат овие прашања. Со овој конкурс ги покануваме сите заинтересирани да понудат:
Планирано е да бидат наградени по три продукти во секој од форматите (приказна или фотографија/видео). ТЕМИПриказните и фотографиите/видеата треба опфатат општествени проблеми на следните теми:
НАСОКИ ЗА ПОДГОТОВКА1. Приказни кои третираат важни општествени проблеми од непосреден интерес за граѓаните Заинтересираните кои сакаат да конкурираат со приказна потребно е да достават:
2. Фотографии/ фоторепортажи или видеа преку кои се визуализираат општествени проблеми Заинтересираните кои сакаат да конкурираат во овој формат потребно е да достават:
Покрај ова, заинтересираните граѓански новинари треба да ја пополнат соодветната: Приказните и фотографиите/видеата мора да се оригинални трудови, направени од оние кои се пријавуваат на конкурсот. ПРАВО НА АПЛИЦИРАЊЕПраво за аплицирање имаат сите заинтересирани граѓани освен оние кои професионално се занимаваат или се занимавале со новинарство. Заинтересираните можат да се пријават со повеќе приказни односно фотографии/видеа. ИЗБОРИзборот на приказни односно фотографии/видеа ќе го врши Kомисија составена од програмски персонал на МЦМС и Телевизија Телма. При оценувањето ќе се води сметка за: поврзаноста со темите кои се планирани со овој конкурс (наведени погоре); дали понудената приказна или фотографија/видео се од јавен интерес; начинот на обработка на проблемот (јасност, разбирливост); квалитетот на фотографиите/видеата и врз основа на потенцијалот на приказната односно фотографијата/видеото да стане новинарска истражувачка сторија. НАГРАДА ЗА НАЈДОБРИТЕЌе бидат избрани и наградени по три приказни и фотографии/видеа кои ќе се однесуваат на темите наведени погоре во конкурсот. Наградите нема да бидат доделени по секоја цена. Доколку пријавените трудови не ги исполнуваат погоре опишаните насоки, Комисијата не мора да ги додели сите планирани награди. Наградите ќе бидат во вид на ваучери кои ќе можат да се искористат за опрема која може да вклучи: фотоапарати, мобилни телефони, преносни компјутери и сл. Вредноста на ваучерите изнесува: 30.000 денари за првонаградените; 20.000 денари за второнаградените и 10.000 денари за третонаградените учесници. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕПријавувањето се врши со испраќање на:
Комплетните пријави треба да се достават до Фанија Ивановска, на Kjo Adresë e Postës Elektronike është e mbrojtur nga reklamat e pa dëshirueshme.Ju duhet JavaScript e lejuar për ta shikuar atë најдоцна до 17 јуни 2018 г. (недела). Дополнителни информации можете да добиете на горенаведената адреса за е-пошта. Конкурсот е дел од проектот „Топ тема на ваша страна“, финансиран од Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД), а спроведуван од Телевизија Телма и Македонскиот центар за меѓународна соработка. |