Повик за доставување предлог проекти: Балкански фонд за јавни политики - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Повик за доставување предлог проекти: Балкански фонд за јавни политики PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E martë, 21 prill 2015 08:38

Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) заедно со организациите членки го објави третиот повик за доставување предлог проекти кои ќе опфатат подготовка на документи за јавни политики во рамки на регионалниот проект „Acquis на балканското граѓанско општество - јакнење на потенцијалот и капацитетите на граѓанските организации за застапување и лобирање“.

На повикот можат да учествуваат граѓанските организации регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации (2010).

Пријавите за предлог проекти треба да бидат на следните теми (од матрицата за следење на овозможувачката околина за развој на граѓанско општество):
Под-област 2.3 Државни политики и правна средина за вработување во граѓанските организации
Под-област 3.3 Поддржувачка околина за вклучување на граѓанските организации во обезбедувањето услуги

Максималниот износ на грантот е 3.000 евра (100%, без кофинансирање), а за Македонија ќе бидат доделени два гранта. Заинтересираните граѓански организации треба да приложат кратка биографија (на англиски јазик), Предлог проект и Буџет на предлог проектот на Kjo Adresë e Postës Elektronike është e mbrojtur nga reklamat e pa dëshirueshme.Ju duhet JavaScript e lejuar për ta shikuar atë . Рокот за доставување на бараните документи е 10 мај 2015 година.

Сите информации за објавениот повик може да ги најдете на следниот линк.

МЦМС, како партнер во регионалниот проект е дел од процесот на доделувањето грантови. Подготвените документи за јавни политики ќе бидат значителен извор на податоци при подготовката на новиот извештај за овозможувачка околина за развој на граѓанското општество.

Целта на проектот е да придонесе кон градењето на капацитетите на граѓанските организации во ИПА земјите за следење и застапување за политики кои влијаат врз граѓанското општество опфатени во областите на матрицата за следење или од Насоките на ЕУ за поддршка на граѓанското општество во земјите од проширувањето, 2014-2020.


Te nderlidhura:

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Shpallje Повик за доставување предлог проекти: Балкански фонд за јавни политики