Praktika qytetare nr. 2 |
![]() |
![]() |
![]() |
E martë, 15 korrik 2008 14:32 | |||
Автори: Јован Ананиев, Ружица Фотиновска, Елеонора Стојкова, Снежана Адамческа и Надир Реџепи „Граѓанско образование“ и „Мрежи, искуства во Македонија“
Авторите кои даваат свои размислувања на темата на различни начини биле вклучени, го следеле или имаат увид во тоа како се одвива граѓанското образование. Интересно е да се забеле‘и дека видувањата се различни, од многу позитивни оценки до сериозни забелешки за начинот на кој истото се спроведува и за остварувањето на целите. Ова мо‘е да биде поттик за потемелно истражување за успехот на овој проект во образованието и основа за поширока дебата на оваа тема која ќе ги вклучи експертите и одговорните за спроведувањето и оние на кои истото им е наменето. Овој број на Граѓански практики отвора уште една тема “Мрежи, искуства во Македонија” каде што амерата е да погледнеме наназад на досегашните искуства од меѓусебната соработка на граѓанските организации и да извлечеме поуки за иднина, особено во контекст кога соработката станува сé поважна во функционирањето на граѓанските организации и остварувањето поголемо влијание и ефективност.
|