Транспарентни критериуми 2007 - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Транспарентни критериуми 2007 PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E martë, 24 qershor 2008 10:35

Од осамостојувањето на земјата, развојот на граѓанското општество во Македонија главно се базираше на западни модели и беше поддржано од меѓународни донатори. Сега македонското граѓанско општество, заради значителни промени во контекстот, се соочува со предизвикот да пронајде домашна поддршка. Позитивен чекор претставува усвојувањето Стратегија за соработка на Владата со граѓанскиот сектор. Стратегијата предвидува низа мерки и активности за развој на граѓанскиот сектор меѓу кои и создавање услови за финансиска одржливост на граѓанскиот сектор и поконкретно подобрување на рамката за директно финансирање од државата.

Општа цел на проектот е давање поддршка на Владата, Генералниот секретаријат и Одделението за соработка со невладини организации во развојот и спроведувањето на Стратегија за соработка на Владата со граѓанскиот сектор.

Цел на проектот беше креирање на препораки за транспарентни критериуми и процедури за селекција и предлог систем за  распределба на буџетските средства наменети за граѓанските организации.

Целна група на проектот беа: Одделението, органите на државната управа и граѓанските организации. Целно подрачје беше Република Македонија со фокус на органите на државната управа кои се лоцирани во Скопје а 3 јавни расправи од проектот се спроведоа во Штип, Битола и Гостивар.

Следниве резултати на проектот се постигнаа: Подготвена споредбена анализа со искуства од други земји и преглед на постоечката домашна регулатива; Подготвени нацрт критериуми, мерки и насоки за транспарентна распределба на буџетските средства наменети за граѓанските организации; Вклучени мислењата на граѓански организации се во предлог критериумите, мерките и насоките; Подготвени предлог транспарентни критериуми за распределба на буџетски средства и доставени до Владата на Република Македонија.

Активности преку кои се постигнаа горенаведените резултати се:

  • Мапирање и анализа на досегашните практики како и искуство од другите земји

Анализа на финансиската поддршка од страна на државата за граѓанските организации во Република Македонија со посебно внимание на анализа на Буџетот на Република Македонија за фискалните години 2005, 2006 и 2007 со цел да се утврди преку кои органи на државната управа се распределуваат финансиски средства, понатаму, Законот за игри на среќа и Одлуката.

Паралелно беше подготвена компаративна анализа на начините на финансирање на граѓанските организации од страна на државата, преку примери од 5 различни европски земји: Хрватска, Англија, Франција, Унгарија и Ирска.

  • Подготовка на нацрт критериуми, мерки и насоки за транспарентна распределба на буџетските средства наменети за граѓанските организации

Нацртот беше подготвен врз основа на домашниот преглед и компаративната анализа. Експертите и работната група беа одговорни за подготовка на нацртот на транспарентните критериуми.

  • Oрганизирање 4 консултативни средби со граѓанските организации

4 работилници се организираа за консултации на национално ниво со широко учество на граѓанските организации од различни делови на државата, и тоа во: Штип (138 претставници); Битола (80 претставници); Гостивар (36 претставници); и Скопје (20 претставници).

  • Подготовка на предлог критериуми, мерки и насоки за транспарентна распределба на буџетските средства наменети за граѓанските организации,

Предлог мерките опфаќаа:

  • Предлог-Информација за мерките за директно финансирање на здруженијата на граѓани и фондации од страна на Владата;
  • Предлог-Кодекс за распределба на средства до здруженија на граѓани и фондации од буџетот;
  • Предлог (иницијатива) за измена на Правилникот за класификација на расходите;
  • Предлог (иницијатива) измена на Законот за игри на среќа и забавни игри;
  • Предлог-Одлука за распределба на средства до здруженија на граѓани и фондации од игрите на среќа и забавни игри.

Предлог мерките беа доставени до Одделението за соработка со невладините организации кое понатака ги проследи до соодветните комисии и тела во Владата. По доставените забелешки од министерствата, Владата не го усвои целиот предложен пакет мерки, туку усвои само Кодекс на добри практики на финансирање на здруженијата на граѓани и фондации.

МЦМС беше одговорен за спроведување на проектот.

Временскиот период на спроведување е 15 февруари – 30 септември 2007 година.

Буџетот изнесува 241.609 МКД (директни трошоци).

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni MCMS në mediat Транспарентни критериуми 2007