Граѓанското општество во медиумите - извршно резиме - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Граѓанското општество во медиумите - извршно резиме PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E martë, 09 dhjetor 2008 11:51

Медиумите имаат битна улога во информирањето и формирањето на имиџот на граѓанските организации во јавноста. Тоа е еден од начините за добивање на впечаток за тоа дали, колку и каков е успехот на работата на граѓанските организации и на граѓанското општество воопшто. Застапеноста на граѓанското општество во медиумите, особено кога знаеме дека граѓанските организации ги застапуваат интересите на граѓаните.

Потоа, граѓанските организации влијаат врз многу елементи на општеството што бара и поширока поддршка и признание од сите сектори во него. Тие се едни од најголемите пренесувачи на пораките кои граѓанските организации сакаат да ги пратат до јавноста. Затоа тие се од суштинско значење за промоција на активностите на граѓанското општество.

Општа цел на проектот е да креира овозможувачка околина и поддршка за понатамошен развој на граѓанското општество во Македонија. Цел на проектот е да се утврди колку и како информираат медиумите за граѓанските организации.

Целна група на проектот се граѓаните на Република Македонија. Директни корисници се 6000 граѓански организации во Република Македонија и други актери од граѓанското општество. Целно подрачје е Република Македонија. Проектот ќе се реализира во Скопје.

Очекуван резултат на проектот се добиени податоци за застапеноста и контекстот на информациите што се пласираат во медиумите а се однесуваат на граѓанското општество; како медиумите влијаат на граѓаните во перципирањето на граѓанското општество и нивната улога во нив; а овие истражувања ќе послужат како суштински информаци во понатамошните активноси и програми што МЦМС ќе ги споведе.

За реализација на проектот се предвидени следните активности:

а) Следење на неколку медиуми
б) Извештај за информирањето за граѓанското општество

Периодот на спроведување е 15 октомври – 15 декември 2008 година.

Претпоставки кои влијаат и придонесуваат кон постигнување на проектните цели и резултати се: доверба во посериозните и професионалните медиуми и коректниот однос на тие медиуми во информирањето на јавноста за граѓанското општество;
Информации за проектот ќе се достават до сите членки на ГПМ, до медиуите кои што ке бидат следени како и до останатите клучни чинители во земјата и странство. Координацијата ќе се одвива по електронски пат, како и со писмено известување, согласно начинот на комуникација со различните актери.

По промовирање на извештајот од истражувањето за застапеноста на граѓанското општество во медиумите ќе се организира промотивен настан. На настанот ќе бидат поканети националните и локалните електронски и печатени медиуми, како и останатите клучни актери од деловниот и од владиниот сектор за граѓанското општество. Исто така ќе бидат поканети не само здруженијата на граѓани и фондации туку и црквите и верските заедници, како и синдикатите.

МЦМС е одговорен за спроведување на проектот.

Проектот нема директни трошоци.

Завршен извештај од проектот.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni MCMS në mediat Граѓанското општество во медиумите - извршно резиме