Информативни изданија за меѓурелигиска соработка - извршно резиме - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Информативни изданија за меѓурелигиска соработка - извршно резиме PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike

Верските заедници во РМ имаат свои изданија во кои ги третираат тематиките од општествениот живот од аспектите на нивните верувања и убедувања. Во своите информативни изданија тие претежно се фокусираат на содржини од нивната вера, а многу малку внимание им посветуваат на другите религии и на меѓуверскиот дијалог.

МСМ301Со започнувањето на програмата МСМ во 2003 година, беа направени обиди да се развие свеста кај верските заедници дека нивната соработка и дијалогот меѓу нив можат да одиграат значајна улога за мирот и стабилноста на едно општество. Од тие причини преку програмата беа започнати низа заеднички информативни активности (Билтен за меѓуверска соработка, меѓуверски календари, Адресар на верските заедници, Информативен центар, Компаративни студии и сл).

Преку Билтенот за меѓуверска соработка се настојуваше да се подобри знаењето кај членовите на в.заедници и кај општата јавност за другите религии, како и да се стави акцент на активностите кои верските заедници заеднички ги работат во духот на меѓуверскиот дијалог. Преку адресарот на верските заедници се настојуваше да се олесни нивната меѓусебна комуникација, но и да се овозможи еден вид на отвореност и достапност на верските заедници кон пошироката јавност.

Четиригодишната работа на полето на меѓуверскиот дијалог на МЦМС покажа дека верските заедници се подготвени и имаат желба да развијат заедничка соработка заснована на взаемна почит и разбирање. Во 2003 година беше формиран и Издавачки Совет (ИС) составен од претставници на петте верски заедници (МПЦ, ИВЗ, КЦ, ЕМЦ и ЕЗРМ) чии што одговорности беа поврзани со насочување и уредување на заедничките изданија од програмата.

Резулатите кои беа постигнати во овој период заслужуваат внимание, особено затоа што при креирањето на поголемиот дел од информативните изданија членовите на ИС постигнуваа согласност и активно партиципираа во активностите, а покрај квалитетот на изданијата и спроведените активности, членовите на ИС имаа можност повеќе да се среќаваат, да се запознаваат и да воспостават меѓусебни контакти кои би ги одржувале во иднина. Покрај нив и студентите од теолошките факултети активно учествуваа во активностите, пишувајќи текстови за билтенот, учествувајќи во собирањето на податоците за Адресарот итн.

Со овој проект се предлага продолжување на активностите кои се покажале како успешна алатка во развојот на соработката помеѓу верските заедници: Билтенот за меѓурелигиска соработка и Адресарот на верските заедници.

Програмата МСМ има за цел да ја збогати соработката помеѓу верските заедници и да го подобри разбирањето за нив кај целокупната јавност во Македонија. Со проектот се цели да се интензивира размената на информации меѓу верските заедници и јавноста воопшто, да се промовира меѓуверскиот дијалог и да се воспостават меѓусебни контакти. Целна група се членовите на верските заедници, како и општата јавност.

Со проектот се планира издавање на два броја од Билтенот за меѓурелигиска соработка (на македонски и албански јазик), како и издавање на Адресар на верските заедници на македонски, албански и англиски јазик. Соработникот на проекти од МЦМС ќе биде директно одговорен за спроведувањето на активностите од проектот, додека пак одлуките околу концептот и содржината на изданијата ќе ги донесува Издавачкиот Совет. Православниот богословски факултет и верските заедници ќе бидат партнери во програмата.

Проектот ќе резултира со подобрување на информираноста за различните религии кај верските заедници и кај општата јавност и ќе допринесе во градењето на меѓуверскиот дијалог. Претпоставки кои влијаат и придонесуваат кон проектните резултати се: поддршката од верските заедници и теолошките факултети, интересот на студентите за учество во активностите.

Актуелен ризик е тековната суспензија на активностите од програмата, од страна на Исламската верска заедница. Алтернатива е спроведување на активностите, со поголемо учество на другите верски заедници во Билтенот за меѓурелигиска соработка и правење обиди за нивно целосно вклучување во Адресарот за верските заедници.

Временски период на спроведување е 31 март – 10 јули 2008 година.

Буџетот на проектот е 400,000 МКД.

Завршен извештај од проектот.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni MCMS në mediat Информативни изданија за меѓурелигиска соработка - извршно резиме