Граѓаните против корупцијата (ГПК) - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Граѓаните против корупцијата (ГПК) PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E mërkurë, 12 prill 2023 12:28

За повеќе информации и новости од програмата кликнете на https://linktr.ee/protivkorupcija

Во изминатата деценија, граѓаните се сведоци на демократско назадување на различни нивоа, често поврзани со корупција. Таа продолжува да ја нагризува довербата во институциите и да ја ослабнува отчетноста и одговорноста. Бидејќи корупцијата на крајот е безбедносно прашање, државата мора да ги зајакне антикорупциските напори и да ја заштити демократијата.

Граѓанските организации можат да имаат клучна улога во борбата против корупцијата доколку дополнително ги развијат своите капацитети за засилување на реформите и ги вклучат граѓаните, медиумите, бизнисите и меѓународните партнери со кои ќе инсистираат на доследно практикување на владеењето на правото.

МЦМС ги продолжува напорите за добро владеење и борба против корупцијата преку јакнење на демократските капацитети на сите чинители. Програмата „Граѓаните против корупцијата“ е дел од тие напори.

Општа цел е да се зголеми вклученоста и соработката на граѓаните, граѓанското општество, медиумите и приватниот сектор во борбата против корупцијата, што ќе доведе до подобрување на реакцијата на државните институции и ефективност во справувањето со корупцијата во сите сектори на национално и локално ниво.

Целокупниот програмски пристап се заснова на широка акција за подигање на свеста која ги обединува граѓанското општество, медиумите и приватниот сектор. Пристапот на Програмата е:

  • Застапување засновано на докази 
  • Кампања за реформи
  • Колективна граѓанска акција против корупцијата 
  • Финансиска поддршка и менторство
  • Медиумски објави за корупцијата 
  • Приватниот сектор ангажиран во јакнење на интегритетот

Програмата ќе се спроведува преку повеќе активности, организирани во следните компоненти:

Компонента 1: Подобрено знаење и свест на граѓаните за борбата против корупцијата и промовирање на доброто владеење и одговорноста

Компонента 2: Граѓанското општество игра активна улога во борбата против корупцијата

Компонента 3: Медиумите играат активна улога во откривањето и справувањето со корупцијата

Компонента 4: Приватниот сектор вклучен во борбата против корупцијата

Директни корисници на Програмата се граѓаните, граѓанските организации, граѓанските активисти, медиумите и приватниот сектор.

Индиректни корисници се државните институции во Северна Македонија.

МЦМС ќе ја спроведува Програмата во партнерство со Центарот за граѓански комуникации (ЦГК), Институтот за демократија „Социетас Цивилис“, Скопје (ИДСЦС), Стопанската комора на Северна Македонија (СКСМ), 360 Степени, Истражувачка репортерска лабораторија, Македонија (ИРЛ) и Балканска истражувачка репортерска мрежа, Македонија (БИРН).

Период на спроведување: 3 април 2023- 2 април 2028 година.

Програмата е финансирана од Американската агенција за меѓународен развој во Република Северна Македонија УСАИД.

Буџетот изнесува 5.998.487 УСД.


Te nderlidhura:

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni MCMS në mediat Граѓаните против корупцијата (ГПК)