Регионална мрежа за антикорупција (РМА) - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Регионална мрежа за антикорупција (РМА) PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E hënë, 30 janar 2023 09:08

SELDI Logo Header W250Доброто владеење и борбата против корупцијата како негов значаен елемент се стратешки цели на МЦМС за поттикнување на демократските процеси во Македонија и регионот.  Намалувањето на корупцијата бара соодветни мерки за институционално градење и создавање социјални предуслови за воспоставување на владеењето на правото. Во тој контекст, граѓанските организации можат да придонесат преку воспоставување заеднички коалиции, но и соработка со владини, граѓански, приватни и меѓународни партнери за да дејствуваат по конкретни прашања.

Успешен пример во изминатите години кој преку размена на знаења и искуства креираше платформа на граѓански организации активни во полето на добро владеење и антикорупција е Мрежата за лидерство и интегритет во Југоисточна Европа (СЕЛДИ) во која МЦМС членува од 2013 г.,  а од 2017 г. ја презема улогата на координатор на мрежата.

Општа цел на проектот е подобрување на партиципативната демократија и процесот на приближување кон ЕУ преку консолидирање и зајакнување на влијанието на на граѓанското општество во креирање политики и реформски процеси во регионот на Западен Балкан во областа на антикорупцијата, владеењето на правото и доброто владеење.

Очекувани резултати на проектот се:

  1. Зајакнати капацитети на ГО и можности за ангажман за засилена регионална соработка, на национално и на грасрут ниво, во антикорупциската политика и донесување одлуки; 
  2. Охрабрен и мобилизиран ангажман на граѓаните и грасрут активизам за мирен притисок врз владите за продолжување на антикорупциските реформи; 
  3. Воспоставен професионален работен дијалог со креаторите на политики на национално, регионално и ниво на ЕУ. Постигнати политички реформи и општествени иновации во областа на антикорупцијата преку застапување засновано на докази, ангажман во политиките и подигање на свеста;
  4. Подобрен пристап и ангажман преку зголемена употреба на социјалните медиуми; 
  5. Идентификувани и искористени клучни точки за справување со заедничките предизвици на полето на спречување и гонење на корупцијата преку повикување на одговорност на лидерите и институциите и следење на виктимизацијата на корупцијата и ранливоста на државата заробена; 
  6. Засилена регионална соработка на ГО, дијалог и синергии низ тематските мрежи за постигнување на похолистичко влијание врз политичката и судската корупција во регионот.

Целна група се граѓанските организации, како и сите критични институции кои се креатори на политики со посебен осврт на економски политики, како што се органите за конкуренција, регулаторните тела одговорни за лиценцирање како и други регионални мрежи.

Активности кои ќе придонесат кон постигнување на резултатите се:

  • Подобрување на дијалогот помеѓу граѓанските организации и државните институции,
  • Примена на сеопфатна методологија за следење и проценка на корупцијата,
  • Програма за мали грантови, менторирање, управување, следење и известување.

Програмата ќе даде повеќе продукти како на пример:

  • Извештаи за состојбите и динамиката на корупцијата во земјите од Западен Bалкан;
  • Регионални извештаи за антикорупција;
  • Методолошки и практични обуки;
  • Извештаи за заканата од заробена држава;
  • Кратки извештаи за јавни политики;
  • Мали грантови, итн.

МЦМС ќе ја спроведува програмата во соработка со Центар за изучување на демократијата, Албански центар за економско истражување Центар за цивилни иницијативи, Центар за современи политики, Центар за мониторинг и истражување, Организација за демократија, антикорупција и достоинство- Cohu.

Периодот на спроведување е 1 јануари 2023- 31 декември 2026.

Најголем дел од потребните финансиски ресурси се обезбедени од ЕУ (88,24%). Средства за кофинансирање се обезбедени од МЦМС и партнерските организации. 

Буџетот изнесува  90,601,062.12 МКД.

Веб-страница на програмата: https://seldi.net/ 

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni MCMS në mediat Регионална мрежа за антикорупција (РМА)