Press Online: Над 90 отсто Македонци сакаат влез во ЕУ - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Press Online: Над 90 отсто Македонци сакаат влез во ЕУ PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E premte, 24 tetor 2008 10:00

Над 90 отсто од граѓаните сакаат Македонија да стане членка на Европската унија, а 56,3 проценти сметаат дека државата ги исполнила условите за прием.

fa617ef4fcf51146b8b03edbfa3f7d42

Ова се резултатите од анкетата што минатата недела ја спроведе Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во рамки на кампањата "Спомнете ја Македонија за добро". Со неа беа опфатени 1.200 граѓани.

Според анкетата, 40,2 отсто од консултираните граѓани не се задоволни од ангажманот на Владата за евроинтегрирање на Македонија во ЕУ. Поделеноста по ова прашање е најголемо меѓу симпатизерите на политичките партии.

Кампањата "Спомнете ја Македонија за добро" се спроведува веќе два месеца, а во наредниот период ќе продолжи како акција под мотото "Кажете ОК за МК".

"Целта на кампањата во чии рамки се предвидени повеќе типови активности е граѓаните да ја поддржат Македонија во напорите за евроинтегрирање", рече на денешната прес-конференција Јулијана Тешија од Форум центарот за стратегиски истражувања и документација.

Проектот што се реализираше изминатите два месеца чини 1,5 милиони денари, а го организираат Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Форум центарот за стратегиски истражувања и документација, како и Потрага по заедничка основа. Средствата се обезбедени од фондот на МЦМС предвиден за ваков вид акции.

Види ги резултатите на истражувањето

Извор: Press Online

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni MCMS në mediat Press Online: Над 90 отсто Македонци сакаат влез во ЕУ