Известувањето за корупција на високо ниво: Помеѓу јавниот интерес и заробените медиуми - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Известувањето за корупција на високо ниво: Помеѓу јавниот интерес и заробените медиуми PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E hënë, 14 mars 2016 10:33

Автори: Борјан Ѓузелов, Ангел Арнаудов
Дата: март 2016 г.
ISBN: 978-608-4681-52-6
PDF: izvestuvanjeto-za-korupcijata-na-visoko-nivo-pomegju-javniot-interes-i-zarobenite-mediumi.pdf

izvestuvanjeto-za-korupcijata-na-visoko-nivo-pomegju-javniot-interes-i-zarobenite-mediumiКвалитетното, навремено и етичко известување за корупцијата во највисоките кругови на власта е врвен јавен интерес. За да се утврди дали македонските медиуми го заштитуваат ваквиот јавен интерес беше следен начинот на кој печатените медиуми во текот на 2015 година известуваа за прес-конференциите на кои опозицијата, преку презентираните телефонски разговори, обвинуваше за корупција и злоупотреба на службената положба кај највисоките носители на власта. Во приказот е анализирано дали, колку и како печатените медиуми ја информираа јавноста за ваквите сериозни индиции за постоење корупција од највисоко ниво. За потребите на истражувањето, анализирани се повеќе квантитативни и квалитативни параметри за следење на медиумската содржина, а предмет на анализа се пет дневни весници на македонски јазик.

Се забележува дека постојат значајни разлики во застапеноста на објавите во различни весници кои се придружени со селективност при известувањето на одредени прес-конференции. Исто така, кај два весници забележително е непочитување на основните стандарди за професионално и етичко известување. Ваквите наоди укажуваат дека одредени медиуми наместо да го штитат јавниот интерес и професионално да известуваат за сомневањата за корупција од највисок ранг, со своето селективно и непрофесионално известување, го занемариле јавниот интерес и недоволно ја информирале јавноста. Таквата уредувачка политика, освен што е спротивна на јавниот интерес, укажува и на одредени ризици од корупција во самите медиуми.


Te nderlidhura:

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni MCMS në mediat Известувањето за корупција на високо ниво: Помеѓу јавниот интерес и заробените медиуми