Медиумите за „Рејтинзи на политичките партии и предизборно здружување“ - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Медиумите за „Рејтинзи на политичките партии и предизборно здружување“ PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E mërkurë, 26 shtator 2012 10:24

Институтот за демократија „Societas Civilis“ - Скопје (ИДСЦС) и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во јули 2012 г. ги истражуваа ставовите и перцепциите на граѓаните за теми од домашната политичка сцена, преку прашања поврзани со рејтинзите на политичките партии и предизборните здружувања помеѓу политичките партии. Следат објавите на медиумите за  „Рејтинзи на политичките партии и предизборно здружување“.

Извор: Канал 5
Анкета на ИД и МЦМС: 56, 2,% против коалицијата Црвенковски - Георгиевски
ВМРО – ДПМНЕ ужива повисок рејтинг во однос на опозициската СДСМ. 25,5 наспроти 19 проценти од определените гласачи.

Извор: Плус инфо
Власта подобра од опозицијата во анкетите на ИДСЦС и МЦМС
Една четвртина од испитанците очекуваат дека ВМРО – ДПМНЕ ќе победи на следните избори 25,1 проценти, додека победа на СДСМ очекуваат 15,2 проценти од вкупниот број испитанции.

Извор: Нова Македонија
Анкета: ВМРО-ДПМНЕ со повисок рејтинг од СДСМ, а ДУИ од ДПА
Партијата на власт ВМРО-ДПМНЕ има повисок рејтинг во однос на опозициската СДСМ и тоа со 25,5 наспроти 19 отсто од определените гласачи, покажува истражувањето спроведено во текот на овој месец од Институтот за демократија „Социетас цивилис“ и од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС)

Извор: Сител
Анкета: ВМРО-ДПМНЕ со повисок рејтинг од СДСМ, а ДУИ од ДПА
Влаедечката ВМРО-ДПМНЕ води пред опозицискиот блок и во анкетата на Институтот за демократија и македонскиот центар за меѓународна соработка.

Извор: Телевизија Алфа
Анкета: ВМРО-ДПМНЕ со повисок рејтинг од СДСМ, а ДУИ од ДПА
Партијата на власт ВМРО – ДПМНЕ ужива повисок рејтинг во однос на опозициската СДСМ и тоа со 25,5 наспроти 19 отсто од определените гласачи, покажува истражувањето спроведено во текот на овој месец од Институтот за демократија „Societas Civilis“ - Скопје (ИДСЦС) и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

Извор: Дневник 
Анкета: ВМРО – ДПМНЕ повторно со повисок рејтинг од опозициската СДСМ
Партијата на власт ВМРО – ДПМНЕ ужива повисок рејтинг во однос на опозициската СДСМ и тоа со 25,5 наспроти 19 отсто од определените гласачи, покажува истражувањето спроведено во текот на овој месец од Институтот за демократија „Societas Civilis“ - Скопје (ИДСЦС) и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

Извор: Курир
Љубчо може да го намали рејтингот на СДСМ
Според последната анкета на Институтот за демократија и МЦМС коалицијата Бранко-Љубчо не ја одобруваат 56,2 проценти од граѓаните, најголем дел поради недостигот на политички кредибилитет кај овие политичари.

Извор: Курир
ВМРО-ДПМНЕ со 10 отсто предност пред СДСМ
ВМРО – ДПМНЕ ќе победи на следните избори (25,1%), додека победа на СДСМ очекуваат 15,2% од вкупниот број испитаници, се наведува во најновата анкета на Институтот за демократија „Societas Civilis“ - Скопје (ИДСЦС) и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

Извор: Кајгана
Партијата на власт сé уште ужива највисок рејтинг
Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ ужива повисок рејтинг во однос на опозициската СДСМ, покажува истражувањето на Институтот за демократија и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) спроведено во јули.

Извор: Утрински весник
ВМРО-ДПМНЕ води во анкетите пред СДСМ
Осум месеци пред локалните избори, се топи разликата меѓу вечните ривали и сега таа изнесува 6,5 проценти

Извор: Вечер
ВМРО-ДПМНЕ со убедлива предност пред СДСМ
25,5 проценти од испитаниците на следните избори би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, а само 19 проценти за СДСМ. Според истражувањето 51,5 проценти од граѓаните се скептични дека предизборното коалицирање ќе и донесе победа на опозицијата, наспроти 20,8 проценти кои очекуваат победа.

Извор: Нова Македонија
Повеќето граѓани против коалицијата Бранко – Љубчо
Според испитувањата на јавното мислење спроведени во јули, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ имаат поголема поддршка од СДСМ и ДПА

Извор: Дневник
Георгиевски го ниша рејтингот и на Црвенковски
Потезите што ги прави и изјавите што ги дава Љубчо Георгиевски, лидер на ВМРО-НП, можат да го намалат рејтингот на опозициската коалиција бидејќи предизвикуваат незадоволството во јавноста.

Извор: Сител
Предизборни коалиции граѓаните против – дипломатите за
Странските амбасади ја поздравија предизборната коалиција меѓу Црвенковски, Тачи и Георгиевски, но граѓаните и експертската јавност имаат дијаметрално спротивен став.

Извор: Нова Македонија
СДСМ не сака да оди на избори пред март 2013
Првиот и најбрз можен момент за одржување предвремени парламентарни избори е заедно со локалните избори во март. Глупост е во оваа земја да се одржуваат избори во период од два месеци, да речеме некои во ноември-декември, другите во март, изјави лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, кој посакува коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да остане на власт уште извесен период за граѓаните да ја казнат на изборите

Извор: Радио слободна европа
Дневен печат - Илинден и поскапувања
Дневник и Вечер насловуваат: ВМРО-ДПМНЕ повторно со повисок рејтинг од СДСМ - 25,5 наспроти 19 отсто, а околу 32 проценти од граѓаните се изјасниле дека не сакаат да кажат за која партија би гласале на следните избори. Утрински за истата анкета на Институтот за демократија и МЦМС забележува дека ВМРО води, но дека осум месеци пред локалните, се топи разликата помеѓу главните ривали: таа сега изнесува 6,5 проценти.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni MCMS në mediat Медиумите за „Рејтинзи на политичките партии и предизборно здружување“