Соработка и вмрежување за прашања од заеднички интерес 2011 - извршно резиме - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Соработка и вмрежување за прашања од заеднички интерес 2011 - извршно резиме PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E shtunë, 02 korrik 2011 13:43

Соработка и вмрежување за прашања од заеднички интересСоработката на граѓанските организации (ГО), особено по прашања од долгорочен стратешки интерес е релативно ограничена, заради што е потребно да се оствари подолгорочна и подлабока меѓусекторска соработка, координација и комуникација. Дополнително, како земја кандидат, во исчекување на датумот за преговори со ЕУ од огромно значење е македонските ГО да земат активно учество во постоечките европски мрежи, но и да формираат секторски мрежи во Македонија. За МЦМС од посебен интерес е градењето граѓански партнерства во Македонија, но и Балканот и поттикнување на вклучување во европските (и глобалните) партнерства, мрежи, сојузи.

Општа цел на проектот е овозможувачка околина за ефективно функционирање на ГО. Цел на проектот е подобрена соработка помеѓу ГО за прашања од заеднички интерес.

Целна група на проектот се општата јавност, ГО, државните институции, медиумите и деловниот сектор. Директни корисници се членките на Граѓанската платформа на Македонија (ГПМ), Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БСЦДН), Европскиот сервис за граѓанска акција (ЕКАС), Заедничкиот консултативен комитет за граѓанско општество меѓу ЕУ и РМ (ЗКК) и Цивикус. Проектот ќе се спроведува во Македонија, регионот и земјите на ЕУ.

Очекувани резултати од проектот се: Преземени иницијативи за активности од заеднички интерес; и Активно учество на МЦМС во регионалните, европските и глобалните мрежи. Резултатите ќе се постигнат преку членство, учество и поддршка на неколку мрежи и соработка со други сродни организации:

По седум години членување и поддршка ќе биде преиспитана целисходноста на членувањето на МЦМС во ГПМ. Во зависност од одлуката, МЦМС ќе предложи расправа во рамките на ГПМ за идното функционирање, со оглед дека подготовката на програмата за работа трае подолго од две години и сè уште не е донесена, како и постапката за регистрација на ГПМ како правно лице. МЦМС ќе продолжи да се залага за подобрување на механизмите за избор на претставници на ГО во работните тела на државните институции.

Покрај раководењето и учеството во телата на БЦСДН каде има избрани негови претставници, ќе се соработува со членките на мрежата за прашања кои се релевантни за развојот на ГО во Македонија. Исто така ќе се преземаат и поддржуваат иницијативи за активности од заеднички интерес и за кои е потребна меѓусебна поддршка, како на пример гра-ѓанскиот дијалог, европските интеграции и пристапот до европските фондови. МЦМС ќе ги под-држи и редовните активности на БЦСДН. За одредени прашања ќе се споделува искуството и експертизата преку учество на настани на членките, како учесници, но и како воведничари и сл.

Соработката со ЕКАС ќе биде во насока на зајакнување на ГО за вклучување во ЕУ, за лобирање и за мобилизација на фондови. МЦМС ќе продолжи со учеството во активностите на европската мрежа КОНКОРД, која е и секретаријат на отворениот форум за ефективноста на ГО. Исто така ќе се одржува комуникација и соработка со Триалог, особено за иницијативата за основање национална платформа на развојни ГО. МЦМС ќе учествува во и доколку има потреба ќе поддржи и активности за подобро интегрирање на македонските ГО во платформите во ЕУ. МЦМС ќе продолжи во 2011 г. со учеството и поддршката на ЗКК. Во 2010 г. претставник на МЦМС, првиот извршен директор, беше ре-избран за член на ЗКК со мандат од две години. Тој активно ќе учествува во активностите на ЗКК, а доколку има потреба МЦМС ќе ја поддржи подготовката на извештаите за Македонија и седниците на ЗКК.

Членството во Цивикус ќе биде обновено. Надвор од соработката со Цивикус за спроведувањето на Индексот на граѓанското општество, МЦМС ќе учествува и во другите релевантни активности, доколку се обезбедат финансиски средства.

МЦМС ќе соработува и со други мрежи, организации и тела за прашања поврзани со раз-војот на граѓанското општество и граѓанскиот дијалог, а ќе се поттикнуваат и нови партнерства и сојузи заради обезбедување домашна и меѓународна поддршка за прашања од меѓусебен интерес во секторите каде дејствува МЦМС (на пр. социјална кохезија, сиромаштија и сл.).

Периодот на спроведување е 1 февруари до 30 декември 2011 г .

Претпоставки кои влијаат и придонесуваат кон постигнување на проектните резултати се: Постои волја и интерес кај ГО за соработка за долгорочни прашања; ГО имаат капацитети и финансиски средства за членство и учество во европските и меѓународни мрежи и настани; ГПМ и БЦСДН се активни и придонесуваат кон развојот на ГО; Европските организации, пред сѐ ЕУ-платформите се заинтересирани за соработка и отворени за членство на македонските ГО.

Во спроведувањето на проектот ќе биде вклучен поголем број на ГО. За дел од активностите ќе се вклучуваат и останатите организации на граѓанското општество, како што се синдикатите, стопанските комори и организациите на работодавачите, но и на другите сектори (државни институции, институциите на ЕУ, деловен сектор, медиумите итн.). Информации за активностите на проектот ќе се објавуваат редовно на веб-страницата на МЦМС. За најава или известување за битните настани и активности ќе се испраќаат соопштенија за јавноста и организираат прес-конференции.

МЦМС е одговорен за спроведување на проектот. Во проектот ќе се применуваат стандардните системи и процедури на МЦМС. Одговорен за проектот е Даниела Стојанова, одговорен соработник за програмата. Раководителот на Одделението за граѓанско општество ќе ја надгледува целокупната работа. Одборот на директори, ќе учествува во насочување и советување во врска со спроведувањето на проектот. Тие исто така ќе го претставуваат МЦМС во горенаведените активности, заедно со останатите релевантни соработници.

Проектот е помалку сложен. Со оглед дека во реализација на проектот се вклучени повеќе различни актери еден од ризиците е недостапност на актерите во планираниот период за спроведување на одредена активност. Во контекст на зголемена конкуренција меѓу ГО за намалените ресурси може да се очекува недостаток на волја за соработка, но и финансиска можност на ГО за учество во регионални и меѓународни мрежи и настани.

Буџетот на проектот изнесува 573.000 денари. Проектот е финансиран од ЕЕД и други донатори, како и од МЦМС.

Завршен извештај од проектот.


Te nderlidhura:

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni MCMS në mediat Соработка и вмрежување за прашања од заеднички интерес 2011 - извршно резиме