Емина Нурединоска – раководителка на одделението за граѓанско општество - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Емина Нурединоска – раководителка на одделението за граѓанско општество PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E mërkurë, 27 tetor 2010 10:45

Одборот на директори ја избра Емина Нурединоска за раководителка на одделението за граѓанско општество на МЦМС.

Емина Нурединоска

Во постапката за избор на раководител, Одборот распиша внатрешен оглас и одржа јавно сослушување на кандидатот, на кое колегите имаа можност да поставуваат прашања. На 19 октомври 2010 година, Емина Нурединоска беше избрана на позицијата раководител.

Нуредоноска на оваа позиција доаѓа по заминувањето на претходниот раководител, Сунчица Саздовска, на ново работно место. Во периодот септември 2009-октомври 2010 година таа беше вршител на должноста.

Нурединоска е магистер по меѓународно право. Магистрираше на темата: „Слободата на здружување како човеково право во демократијата“ на Правниот факултет „Јустинијан I“ во Скопје. Нејзиниот фокусот се активностите за институционален развој и создавање овозможувачка околина за граѓанските организации, а посебен интерес  и е правната и фискалната рамка за граѓанските организации, нивна вклученост во креирање на политиките и промоцијата на граѓанскиот сектор во јавноста. Во МЦМС е ангажирана од 2001 година.

Нурединоска е избрана на оваа позиција за период од четири години, односно од октомври 2010 – октомври 2014 година.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Емина Нурединоска – раководителка на одделението за граѓанско општество