Градење капацитети за АДКОМ и ЈКП - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Градење капацитети за АДКОМ и ЈКП PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E premte, 09 janar 2009 12:45

Националните и регионалните институции/организации, во тој контекст и АДКОМ, како механизам за координација, вмрежување, лобирање и застапување на нејзините конституенти членки Јавните комунални претпријатија (ЈКП) имаат суштинска улога за успехот на процесите на децентрализацијата.

Зајакнувањето на институционалниот и управувачкиот капацитет на АДКОМ и на нејзините конституенти членки Јавните комунални претпријатија (ЈКП) се јавува како еден од поважните фактори во обезбедување долгорочен и одржлив развој на заедниците.

Општа цел на проектот беше подобрени услуги за граѓаните во локалните и руралните заедници.

Цел на проектот беше подготвеност на Асоцијацијата на даватели на комунални услуги (АДКОМ) за континуирано практикување на иновативни модели и модернизација.

Целна група на проектот беа Јавни комунални претпријатија (ЈКП) и АДКОМ.

Целното подрачје ја опфаќаше целокупната територија на Република Македонија.

Очекувани резултати беа: Подобрена соработка на АДКОМ со сродни актери од регионот и пристап до нови фондови, и Подобрена информираност и поттикната модернизација на услугите на ЈКП.

МЦМС имаше одговорност за управување на проектот, а заедно со АДКОМ имаа одговорност за негово спроведување.

Успешната и навремена реализација на проектот зависеше од претпоставката дека АДКОМ и нејзините членки имаат капацитет за успешно и квалитетно да ги спроведат планираните активности. Оттука, еден од ризиците во остварување на целите на проектот беше непостоење на доволен капацитет на АДКОМ и нејзините членки за соработка. Тоа можеше да доведе до пробивање на планираните рокови за спроведување на проектните активности или до не/нецелосно спроведување на дел од активностите.

Одржувањето на локалните и претседателски избори во март 2009 година, се гледаше како ризик кој, иако беше земен во предвид при планирањето на активностите, можеше да влијае на поместување на планираната динамика за спроведување на активностите.

Посебно се истакнува ризикот од традиционалното спроведување на поголеми кадровски и стратешки промени во локалната самоуправа со промена на градоначалниците/политичката партија на власт на локално ниво.

Ризик за (не)успешна реализација на целите на проектот беше во корелација со поддршката на АДКОМ од други актери/агенции. Имено, планираната поддршка со проектот може да не е доволен инпут во остварувањето на целта на проектот. Синергијата помеѓу планираните проектни активности и поддршката од другите релевантни актери/агенции е секако важен удел во подобрување на капацитетите на АДКОМ и нејзините членки.

Временскиот период на спроведување беше 24 февруари – 30 јуни 2009 година.

Финансискиот извештај на проектот изнесува 810.262,00 МКД МКД (директни трошоци).  МЦМС обезбеди 590.500,00 МКД (директни трошоци) средства кои се донација на ЕЕД од Германија (www.eed.de). Останатите средства во износ од 219.762,00 МКД се сопствено директно учество на АДКОМ.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Градење капацитети за АДКОМ и ЈКП