Vështrime të reja të diskriminimit - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Vështrime të reja të diskriminimit PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E shtunë, 31 tetor 2009 13:24

Како дел од зајакнувањето на капацитетите за недискриминација, на 29 и 30 октомври 2009 година, во хотелот Континентал во Скопје, се одржа обука за недискриминација за претставници на Министерството за внатрешни работи.

Нови погледи на дискриминацијата

„Ова ми е прв пат да учествувам на обука за недискриминација и морам да кажам дека ми ги надмина очекувањата“, рече Лидија Велковска, од Бирото за јавна безбедност. „Обуката ми ги отвори очите во поглед на работите што не сум ги препознавала како дискриминација. Мислам дека свесноста дефинитивно се подобрува, барем во насока на тоа ранливите групи да го добијат истиот третман. Сепак, потребна е понатамошна сензибилизација на оние кои се во директен контакт со овие групи луѓе“, вели Велковска.

Нови погледи на дискриминацијата

И за Марјан Младенов, командир на Полициската станица во Ѓорче Петров, е добро да се отвораат ваквите теми. „ Кога дискутираме меѓу себе може да се забележи дека ранливите групи за кои зборувавме на обуката, како што се хомосексуалците или сексуалните работнички, не се прифатени. И во јавноста тие не се прифатени, а ние полицајците сме дел од јавноста. Кога општеството е подемократско и полицијата е подемократска. Да, можеби треба да бидеме моделот кој ќе им биде пример на другите, но и ние сме дел од  општеството, не сме многу поразлични од останатите“, смета Младенов. Според него ваквата обука би била корисна за припадници на МВР од сите нивоа. „Сметам дека е подобро предавачите да бидат надвор од полициските кругови и можеби треба да се размисли да се направат работилници со припадници на ранливите групи, така подобро ќе ги запознаеме ние нив, а и тие нас“, додаде тој.

Учесниците, во двата дена обука, имаа можност да слушнат и да разговараат за перцепциите, стереотипите и предрасудите, за дискриминацијата, за ранливите групи, а го погледнаа и филмот „Треба да знаеш за мене“, направен од страна на здружението ХОПС, опции за здрав живот.

Обуката ја спроведе проф. д-р Мирјана Најчевска од Центарот за човекови права и разрешување конфликти.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Vështrime të reja të diskriminimit