МЦМС потпиша договори за нови четири општини |
E martë, 29 shtator 2009 08:59 | |||
Форумите во заедниците продолжуваат во нови 12 општини. На 25 септември 2009 година во хотелот Александар Палас, МЦМС ги потпиша договорите за спроведување на оваа програма во четири нови општини: Аеродром, Берово , Радовиш и Конче. На свеченото потпишување на, од името на донаторот, Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), на присутните им се обрати Татјана вон Штајгер, Раководител на канцеларијата за соработка. Таа го сподели задоволството од големиот интерес на општините за оваа програма, „До денес, 57 од вкупно 84 општини аплицирале најмалку еднаш за учество во програмата, тоа е јасен показател дека општините се многу заинтересирани за применување на методот на вклучување на граѓаните во процесот на донесување одлуки“, рече вон Штајгер. Од името на Заедницата на единиците на локалната самоуправа, партнер во спроведувањето на програмата, се обрати потпретседателот Изет Меџити. Градоначалникот на општина Аеродром, Ивица Коневски зборуваше од името на новите општини, а Жарко Џипунов, извршен директор на Алка, од името на организациите што спроведуваат.
|