Подобро разбирање и прифаќање на граѓанското општество - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Подобро разбирање и прифаќање на граѓанското општество PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E enjte, 06 gusht 2009 10:49

Да се креира овозможувачка околина, да се поддржи понатамошниот развој на граѓанското општество и да се подобрат резултатите на актерите на граѓанското општество во Македонија беа целите на програмата Институционален развој на граѓанското општество (ИГО) што МЦМС ја спроведуваше во периодот од 2006 до 2008 година.

Подобро разбирање и прифаќање на граѓанското општество

Со активностите на програмата постигнати се повеќе резултати: подобрена информираност на јавноста за активностите на ГО, што е предуслов за подобрено разбирање и прифаќање на граѓанското општество; мало подобрување на правната и фискална рамка за ГО и за мобилизација на локални ресурси; одредено подобрување на соработката помеѓу ГО. Иако беше планирано ГО да воспостават правила и принципи базирани на транспарентност, отчетност и демократија нема битни промени во оваа сфера.

Програмата опфати повеќе различни типови на активности: информации, истражувања, застапување и лобирање, обуки и консултации и вмрежување.

Во првите две години програмата ја опфати програмата за работа на Граѓанската платформа на Македонија (ГПМ) и се спроведе преку проектот „Поддршка на национален форум/платформа на граѓанското општество“, кој беше финансиран од Европската унија преку Европската агенција за реконструкција.

Средствата за спроведување на оваа програмата беа обезбедени од Европската агенција за реконструкција (ЕАР), Данската црковна помош (ДЦА), Евангелската црковна помош (ЕЕД) и други донатори. Дел од програмските трошоци беа обезбедени од партнерите од ГПМ и од членарина во ГПМ.

Вкупните трошоци за програмата изнесуваат 44.066.665,6 МКД, а учеството на МЦМС изнесува 42.761.616 МКД или 97 %.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Подобро разбирање и прифаќање на граѓанското општество