Општа цел на проектот е развиени организациски и институционални капацитети на граѓанските организации и другите актери на граѓанското општество.
Цел на проектот е Зајакнати човечки ресурси помеѓу актерите на ГО во Македонија.
Целна група на проектот се актерите на граѓанското општество, односно формалните граѓански организации и мрежи како и сите други актери на граѓанското општество (синдикати, верски заедници и други), кои имааат потреба и ќе нарачаат обуки и консултации од страна на МЦМС.
Очекуван резултат на проектот е:
Oбезбедени знаења и вештини кои придонесуваат кон развивање на капацитетите на претставници на граѓанските организации и други актери на грѓанското општество, како и на сите други на кои МЦМС ќе им испорача скроена обука по нарачка.
Во рамките на овој проект се спроведоа следниве активности: Во рамките на овој проект беа спроведени следниве активности:
- Обука за Раководење со проектен циклус/Идентификација на потреби за Хабитат фор Хуманитѕ Интернатионал, Будимпешта, Р. Унгарија;
- Обука за стратешко планирање за Здружене на судии во Р. Македонија (за ОБСЕ);
- Обука за стратешко планирање за Здружение на јавни обвинители во Р. Македонија (за ОБСЕ) ;
- Обука за стратешко планирање за Македонското здружение на млади правници (за ОБСЕ);
- Обука за проектен менаџмент за Граничната полиција на Р. Македонија (за ОБСЕ);
- Обука за стратешко планирање за МАССО (Македонска асоцијација за слободна сексуална ориентација) и Коалицијата на невладини организации за промоција и заштита на сексуалните права и сексуалното здравје);
- Обука за раководење со човечки ресурси за Меѓународната мрежа за борба против трговија со луѓе ЛА СТРАДА;
- Подготовка на стратешки план за Стопанска комора на Северозападна Македонија;
- Обука за ИПА фондови за Цросс-Бордер Институтион Буилдинг;
- Стратешко планирање за Здружение на новинари на Македонија;
- Обука за Добро управување за ЦИРА (Центар за институционален развој);
- Обука за Добро управување и Административно работење за Фондацијата ФОКУС, Велес;
- Обука за комуникациски вештини и административно работење за Министерството за труд и социјална политика
МЦМС беше целосно одговорна за спроведување на проектот.
Временскиот период на спроведување е 01 март – 31 декември 2007 година.
Трошоците за проектот изнесуваат 847.436,00 МКД.
|