Скроени обуки и консултации за ОБСЕ – Владеење на правото - извршно резиме - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Скроени обуки и консултации за ОБСЕ – Владеење на правото - извршно резиме PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike

Општа цел на проектот е да придонесе на сеопфатното долгорочно градење на свест, мир и стабилност во земјата преку развој и промоција на целосна самоодржливост и ефективни институции и граѓански организации за заштита на човековите права.

Цел на проектот е Зајакнати организациските и интитуционалните кaпацитети на ГО и институциите и зајакнати човечките капацитети меѓу ГО и институциите.

orr301Целна група на проектот се персоналот и активисти на 9 граѓански организации и институции партнерски организации на ОБСЕ.

Очекуван резултат на проектот се: вклучените организации се информирани за новите даночни одредби, имаат развиени вештини и знаења за употребата на различни алатки за мониторинг и евалуација, лобирање и застапување, раководење со проектен циклус, доброто управување, правилно административно и финансиско работење, раководење и ефективно менаџирање и се информирани за процедурите и регулативите на претпристапните ИПА фондови.

Вкупно предвидени се 11 настани - обуки и подоготовка и печатење на два прирачника.

Активностите се следните: Настан за Нов развој во фискалната рамка на ГО; Обука за Административно и Финансико работење; Напредна обука за Застапување и лобирање; Обука за Финансиски менаџмент за не-финансиски менаџери; Напредна обука за мониторинг и евалуација; Обука за добро владеење; Прирачник за добро владеење, Обука за пристап и подготовка до ИПА фондови; Обука за улоги и одговорности на менаџери; Обука за Раководење со човечки ресурси; Прирачник за Раководење со човечки ресурси и Обука за Раководење со проектен циклус.

Проектот се заснова на пристапот на вклучување на сите релевантни актери и претпоставува дека сите актери се подготвени активно да се вклучат.

МЦМС е целосно одговорна за спроведување на проектот.

Средствата за спроведување на овој проект ќе бидат обезбедени од ОБСЕ.

Временскиот период на спроведување е 15 јануари – 20 декември 2008 година.

Буџетот изнесува 1,092,160 МКД (директни трошоци).

Завршен извештај од проектот.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Скроени обуки и консултации за ОБСЕ – Владеење на правото - извршно резиме