Преговарање |
E diel, 10 shkurt 2008 13:40 | |||
Преговарањето е еден од методите на разрешување на конфликтите. Со преговарањето страните во конфликтот се обидуваат преку адекватна комуникација сами да го разрешат конфликтот. Тие ја имаат потполната одговорност за процесот но и контролата врз процесот и врз исходите. Обуката ќе ви помогне да го развиете разбирањето за тоа дека интерпесоналните конфликти се недделиви од човечката интеракција и дека не можат да се одбегнат туку треба да се справиме со нив. Правилното управување со конфликтите повеќе ќе ви помогне да ја подобрите врската со другите отколку, како што погрешно се верува, да ја уништите. Преку обуката ќе можете да ги научите елементите на преговарачкиот процес и моделот на реформулација на конфликтите од на изглед нерешливи во решливи, да ги научите фазите во преговарачкиот процес, да се стекнете со основни вештини за реформулација на интерперсоналните конфликти, да се стекнете со основни вештини за комуникација (активно слушање) кои се однесуваат на преговарањето, да научите основни тактики кои се користат во преговорите како и тоа како да го користите однесувањето што е адекватно. Содржина
|