Тим и тимска работа |
E diel, 10 shkurt 2008 13:30 | |||
Секоја организација се соочува со специфични предизвици за кои тимовите се најпрактичното и најмоќното средство на располагање на менаџерот. Критичната задача за постарите менаџери е да се грижат за генералниот перформанс и за видовите на тимови што би можеле да ја спроведат работата. Ова значи дека раководството мора да го пронајде уникатниот потенцијал на тимот што би можел да оствари резултати, стратешки да ги распореди тимовите кои претставуваат најдобар инструмент за работа, и да ја одржува основната дисциплина на тимот што може да ги направи ефективни. Со тоа раководството создава атмосфера што го поттикнува индивидуалниот ангажман, како и работата на организацијата воопшто. Тимовите и добриот перформанс одат заедно; не одат еден без друг. Веруваме дека тимовите ќе станат основни работни единици во организациите со висок степен на перформанс. Тимовите ќе ги зајакнат постоечките структури без да ги заменат. Иновацијата бара зачувување на квалитетот на работа преку структурното дејствување и отстранување на пристрасноста во работата преку тимското работење. Содржина
|