Мобилизација на ресурси - Финансиска одржливост |
![]() |
![]() |
![]() |
E diel, 10 shkurt 2008 13:11 | |||
Организациската одржливост подразбира способност на организацијата да продолжи да ја работи нејзината работа. Финансиската одржливост подразбира способност на организацијата да генерира доволно ресурси за работа во насока на остварување на визијата. Организациската одржливост е тесно зависна од јасната стратешка насока, од способноста на организацијата да ја скенира околината и идентификува можности за работа, од способноста да привлече, раководи и задржи компетентен персонал, од адекватната административна и финансиска инфраструктура, од способноста да ја демонстрира својата ефективности и влијание во насока на зголемување на ресурсите и од способноста да добие поддршка од заедницата и вклученост во нејзината работа. За финансиска одржливост, организацијата треба да има повеќе од еден извор на приходи, повеќе од еден начин на генерирање приходи, редовни стратешки, акциски и финансиски планови, адекватен финансиски систем, добар имиџ во јавноста, јасни вредности и финансиска автономија. Содржина
|