Законска рамка за граѓанските организации - извршно резиме - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Законска рамка за граѓанските организации - извршно резиме PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike

Основите за слободно дејствување на граѓанските организации се утврдени со Уставот на Република Македонија и специфично за здруженијата на граѓани и фондациите со Законот за здруженија на граѓани и фондации. Иако овој закон дава добра основа за слободно делување на граѓанските организации, забележана е потреба од осовременување на одредбите и нивно прилагодување на реалните потреби на граѓанските организации и приклучување кон позитивните европски трендови.

zakonska-ramka-za-graganskite-organizaciiОд друга страна поттикнувачка правна и фискална рамка е предуслов за развој на граѓанско општество со домашна поддршка. Квалитетната законска регулатива и нејзиното постојано ажурирање претставува услов и за подобро функционирање на граѓанските организации, за да можат своите капацитети што повеќе да ги искористат за доброто на општеството.
Општа цел на проектот е придонес кон подобрена правна рамка и зголемена финансиска одржливост на граѓанските организации во Република Македонија. Цел на проектот е партиципативна измена на основната законска регулатива за делување на граѓанските организации  во Република Македонија.

Целна група се граѓанските организации и претставници од органите на државната управа. Целното подрачје е Република Македонија, а локацијата е Скопје и други градови.
Очекувани резултати од проектот се: усогласеност за клучните промени во Законот за здруженија на граѓани и фондации и подготвен предлог на нов закон за здруженија и фондации (ЗЗФ).

Проектот ќе се спроведе преку следните активности:

Состаноци на работната група за подготовка на нов закон за здруженија и фондации: МЦМС ќе учествува и ќе ги поддржува состаноците на работната група за подготовка на новиот ЗЗФ.
Јавни расправи за предлогот на законот за здруженија и фондации: За да се обезбеди учество и широка вклученост на граѓанските организации ќе бидат организирани 5 јавни расправи за граѓанските организации во Скопје и четири други града во Република Македонија.
Работилници за државните службеници: Ќе бидат организирани две работилници, од кои едната за одговорните службеници за регистрација на здруженијата и фондациите, а другата за одговорните за доделувањето на статусот на организација од јавен интерес на соодветните теми.

Проектот ќе се спроведе во периодот од 1 март до 31 декември 2008 година.

Претпоставки кои влијаат и придонесуваат кон постигнување на проектните резултати се: Подготвеност кај институциите за надградување на законската рамка за граѓанските организации; Посветеност на работната група за навремена подготовка на ЗЗФ; Интерес и волја за учество на државните службеници во работилниците; и Активна вклученост на претставниците од граѓанските организации.

МЦМС ќе соработува со носителот на подготовката на новиот ЗЗФ, односно со Министерството за правда, како и со членовите на работна група формирана за таа намена. Во соработка со ова министерство и со Одделението за соработка со невладините организации ќе бидат организирани јавните расправи и работилниците. За активностите ќе биде информирана јавноста преку конкретни дописи, соопштенија за јавноста, состаноци, но и објавување на веб-сајтот на МЦМС, на сајтот Граѓански свет и на сајтот на Одделението за соработка со невладини организации и др. релевантни канали за информирање.

МЦМС има одговорност за донесувањето одлуки и спроведувањето на проектот. За дел од активностите МЦМС заеднички ќе одлучува со Одделението за соработка со невладините организации и Министерството за правда (пр. датумите и местата на одржување на јавните расправи; експертите и фасилитаторите на јавните расправи и сл.).

Подготовката на нов ЗЗФ кој ги задоволува потребите на граѓанските организации значи вложување во подобрена околина за делување на граѓанските организации во следниот период.

Проектот ќе биде финансиран од Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ) и Службата за црковен развој (ЕЕД).

Буџетот изнесува 863.700 денари.

 

Завршен извештај од проектот.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Законска рамка за граѓанските организации - извршно резиме