Стратешко планирање за Сојузот на стопански комори |
E hënë, 19 janar 2009 13:04 | |||
Во јануари се одржа дводневна работилница за стратешко планирање на Сојузот на стопанските комори на Македонија (ССКМ). МЦМС беше ангажиран да го води процесот. Претходно, МЦМС направи Проценка на организациските капацитети на ССКМ. На работилницата беа презентирани главните наоди од досегашната работа, дилемите и предизвиците што стојат пред ССКМ и наодите од проценката. Членовите на Управниот одбор на основа на овие документи дискутираа за визијата и мисијата, ги идентификуваа силните и слабите страни, можностите и заканите и ги приоретизираа. По анализата на клучните проблеми одредени се и приоритетните стратешките цели, а дискутирано е и за Акцискиот план за стратешко планирање. Целиот овој процес треба да помогне во развојот на институционалниот и организацискиот капацитет на ССКМ што ќе го подобри квалитетот на услугите што ги нуди Комората за своите членки. МЦМС продолжува да го води овој процес се додека не се биде формулиран новиот Стратешки план на ССКМ.
|