Промоција успешно искористување на фондовите ИПАРД |
![]() |
![]() |
![]() |
E mërkurë, 09 maj 2007 01:00 | |||
Публикацијата „Успешно искористување на фондовите ИПАРД“ на Македонскиот центар за меѓународна соработка и на Македонската развојна фондација за претпријатија ги собира искуствата на поранешните земји – кандидатки за членство во ЕУ со правниот и фактичкиот претходник на ИПА(РД), со програмата САПАРД. Читателите можат да извлечат поуки од тие искуства; да утврдат кои се и какви треба да бидат административните капацитети и структури коишто ќе ја раководат финансиската помош; да се информирааат за начините на раководење со фондовите ИПАРД и за условите под кои Македонија ќе може да ги користи овие фондови. Оваа публикација овозможува јавноста да се запознае со условите и критериумите за одобрување проекти и користење средства од програмата ИПАРД; и да се запознае со методологијата на постапката за изработка и оценување на инвестициските програми итн. Претпристапната помош за рурален развој (ИПАРД), која изнесува 31,5 милиони евра има специфична долгорочна цел во насока на подготвување на македонскиот земјоделско-прехранбен сектор кон исполнување на барањата на aquis communitaire, како и ефикасно спроведување на програмите и искористување на фондовите од Европската Унија.
|