Промоција на публикации за етички стандарди, транспарентност и одговорност |
E enjte, 31 janar 2008 01:00 | |||
Промоцијата ќе се одржи на 5.2.2008 г. (вторник), во хотелот „Континентал” во Скопје со почеток во 12 часот. Целта на публикациите е да придонесат во воспоставувањето правила и принципи во граѓанските организации засновани на транспарентност, отчетност и демократија. Ќе бидат промовирани следните публикации: Студија за транспарентноста, отчетноста и демократскиот капацитет на граѓанскиот сектор во Република Македонија Студијата ги претставува резултатите од истражувањето на практикувањето на демократијата, транспарентноста, одговорноста и отчетноста во граѓанските организации во Македонија. Кодекс на однесување како саморегулаторен механизам Анализа на постоечките документи, примери и искуства од земјата и од регионот, како и утврдување на позитивните примери кои што би биле апликативни во креирањето и донесувањето на Етички кодекс на граѓанските организации во Македонија. Добро управување во граѓанските организации Прирачникот претставува компилација на теоретски и практични прашања и предлог-решенија поврзани со основните принципи на доброто управување во граѓанските организации. Финансиско управување и администрација во граѓанските организации во Македонија Прирачникот ги опфаќа основните компоненти, правила и процедури кои се однесуваат на овластувањата и одговорностите на раководствата на граѓанските организации во областа на финансиското управување и администрација.
|